26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗMazda 3 хечбек за 2014-та година

Mazda 3 хечбек за 2014-та година

mazda3

На интернет се појавија првите официјални слики и техничките детали за новата „Mazda 3“ пред нејзината премиера во Њујорк.

Како што беше најавено од јапонскиот производител,„ Mazda 3“ продолжува со дизајнерската приказна „KODO“ која започна на моделите „CX-5“ и новата „Mazdа 6“.

Предниот дел на автомобилот, иако потсетува на споменатите два модели, сепак има своја специфичност. Маската на ладилникот е во облик на штит со рамка од хром.

Во споредба со поголемата лимузина, новиот компактен хечбек има дискрентно помал амблем на „Mazdа“ и е поставен непосредно под хаубата. Обликот на фаровите, предниот браник и светлата за магла кои ги има „Mazda 3“ најмногу личат како оние на новата „шестка“.

mazda31

Новата генерација на овој модел е долга 4.460 mm, широка е 1.795 mm, a висока е 1.450 mm, што значи дека е малку поширока, но и пониска во споредба со претходната верзија.

Меѓуосовинското растојание изнесува 2.700 mm и со тоа е поголема за 60 mm во однос на старата „тројка“.

Капацитетот на багажникот е 350 l, додека со симнување на задните седишта се добива 1.250 литри корисна зафатнина. Тежината на возилото во зависност од верзијата на моторот се движи од 1.190 дo 1.330 kg.

Внатрешноста на новата „Mazdа 3“ е во целост редизајнирана во одност на се уште актуелниот модел.

Централната конзола е поедноставна, а контролата на клима уредот е слчна како и на старата „Mazdа 3“, додека вентилациските отвори наликуваат како оние на новата „Mazdа 6“ и моделот „CX-5“.

mazda32

Меѓутоа за разлика од овие два автомобила кај кои екранот на мултимедијалниот уред е вграден во конзолата, кај новата „тројка“ е одвоен на самиот врв на конзолата.

„Mazda3“ ќе се нуди со „SKYACTIV-G“ 1.5-литарски мотор со 100 КЅ и 150 Nm. Тоа би требало да е доволно за постигнување на забрзување од 0 до 100 km/h за 10,8 секунди и максимална брзина од 182 km/h.

Помоќната верзија „SKYACTIV-G“ 2.0, располага со 120 КЅ и 210 Nm. Овој мотор има потреба од 8,2 секунди за да забрза до „стотка“, а максималната брзина е 195 km/h. Истиот мотор се нуди и со систем за продолжување на енергијата од сопирачките „i-ELOOP“, благодарение на која продуктивноста расте до 165 КЅ.

Јапонците најавуваат и „SKYACTIV-D“, 2.2-литарски дизел агрегат, кој генерира 150 КЅ и максимален вртежен момент од 380 Nm. Менувачот може да се одбере меѓу двете опции, стандарден 6-брзински мануелен и 6-степен автоматски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП