26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТереза Меј не се откажува: Британската премиерка ќе се обиде по четврти...

Тереза Меј не се откажува: Британската премиерка ќе се обиде по четврти пат да го донесе договорот пред пратениците

Британската премиерка Тереза ​​Меј бара начин по четврти пат да го донесе на гласање во понеделник нејзиниот договор за Брегзит пред парламентот објави BBC.

Опцијата на премиерката нема да биде единствената на дневен ред во понеделник, британските пратеници ќе разгледаат и други.

Извори на BBC велат дека не е исклученo сценариото во кое ќе биде “лице в лице” да се најдат алтернативни предлози за Брегзит и планот на премиерката, кој досега е поразен три пати пред парламентот, а последениот пат вчера, кога му недостигаа 58 гласови.

Лидерот на британските лабуристи Џереми Корбин од Меј побарал да го измени својот договор за Брегзит или веднаш да поднесе оставка, додека Демократската унионистичка партија на Северна Ирска, која се залага за малцинска влада на Меј продолжи да се противи на нејзината спогодба.

Владата досега немаше успех да ги собере гласовите, наведува BBC, “конзервативните бунтовници, веруваат дека договорот на Меј за Брегзит ја остава Британија во премногу блиски односи со Европската унија.

Изворот на BBC посочува дека Меј ќе продолжи да бара парламентарна поддршка и смета дека нејзините напори се одвиваат во добра насока, бидејќи пред две недели недостасувале 149 гласови за да се прифати договорот, а вчера само 58.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП