18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе појавија мејлови: Facebook се уште се бори со говорот на омраза

Се појавија мејлови: Facebook се уште се бори со говорот на омраза

Истиот ден кога Facebook најави дека планира да го забрани национализмот на нивната платформа, еден новинар дошол до серија на пораки кои укажуваат на тоа дека Facebook и Instagram се уште тешко се справуваат со некои аспекти на говорот на омраза.

Пораките се главно поврзани со проблематичната објава на теоретичарот на завери Алекс Џоунс кој стои зад InfoWars. Се работи за фотографија која е поставена на Facebook на 14 март, и има силна анти-семитска позадина. Од компанијата, на барање на новинарите, објасниле дека некое време водат интерни дискусии за Џонс и неговата позиција во ширење на говорот на омраза, со цел да се заклучи дали неговата цел ги крши правилата на користење.

Покрај самиот пост кој поттикнува омраза, проблематични се и коментарите на другите корисници, но од 560 прегледани, тргнати се само 23.

Објавата без многу размислување, сепак, е отстранета на 28 март, а 14 дена од денот на објавувањето, со образложение дека Фејсбук сака корисниците слободно да се изразат на платформата, но не сака во таа слобода да биде говорот на омраза.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП