22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИПроблеми од сите страни, но оваа компанија заработи 100 милијарди долари

Проблеми од сите страни, но оваа компанија заработи 100 милијарди долари

Приходите на Huawei се зголемија за 19,5% во 2018 година и за прв пат надминаа 100 милијарди долари, и покрај континуираниот политички притисок со кој се соочува. 

Продажбата на компанијата минатата година изнесувала 721,2 милијарди јуани (107,13 милијарди долари). Нето добивката достигна 59,3 милијарди јуани, што е за 25,1 отсто повеќе од претходната година, објави CNBC.

Растот на приходите бил побрз отколку во 2017 година, а растот на нето добивката беше малку побавен.

Деловните показатели на Huawei се светла точка за оваа компанија, која се соочува со интензивни политички притисоци, пред се од САД.

Имено, американската влада започнала кампања меѓу сојузниците против увозот на опремата од Huawei за 5G мобилната мрежа, наведувајќи дека кинеската влада би можела да ја користи опремата на компанијата за шпиунажа. Huawei во повеќе наврати ги негираше овие тврдења.

Претходно овој месец, Huawei поднесе тужба против САД во врска со законот за забрана на државните агенции да купуваат опрема од овој кинески гигант, наведувајќи дека законот е неуставен.

Гуо Пинг, еден од ротирачките претседатели на Huawei, изјави “сајбер безбедноста и заштитата на приватноста на корисниците е апсолутно на самиот врв” на агендата на компанијата.

Одговарајќи на прашање на CNBC за насоките за 2019 година, Гуо изјави дека вкупните приходи за јануари и февруари се зголемиле за 30 отсто во споредба со минатата година.

Тој додаде дека годинава се очекува двоцифрен раст, и покрај надворешните нарушувања.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП