25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ7 причини зошто Cashback Solutions е одлично решение за вашиот бизнис

7 причини зошто Cashback Solutions е одлично решение за вашиот бизнис

Речиси секој бизнис, без разлика дали е мал, голем, онлајн или офлајн е креиран да ги задоволи потребите на своите купувачи. Особено во денешно време, кога повеќе не се работи само за физичко купување на производите, туку понудата на нови иновативни производи креира нови видови на побарувачка, понудата се менува и во форма и во простор, побарувачката пак налага многу повеќе од само класична купопродажба.

Во целиот тој “новосоздаден еквилибриум”, подготвеноста на бизнисот технолошки да еволуира е од клучно значење. Особено маркетиншкиот дел, а особено кај малите и средните бизниси.

Речиси и да не постои бизнис кој нема да одговори потврдно на прашањата подолу:

  • Сакате да им понудите на вашите потрошувачи атрактивна дополнителна вредност без големи инвестиции?
  • Би сакале да ги намалите Вашите трошоци за маркетинг, а сепак успешно да се рекламирате?
  • Би сакале да дознаете повеќе во врска со вашиот пазар, неговиот потенцијал
  • Сакате точно да знаете кои се вашите потрошувачи со цел да можете да донесете разумни одлуки?

Cashback Solutions е избор на повеќе од 130.000 бизниси во светот и претставува една поинаква, економична и иновативна Програма за лојалност која, особено на малите и средните претпријатија ќе им овозможи побрз, поекономичен и поефикасен влез во глобалниот шопинг-свет, истовремено исполнувајќи ги одговорите на прашањата погоре.

Имено, опциите на Програмата за лојалност на Cashback Solutions директно влијаат на:

  1. Зголемување на обртот, бидејќи членовите на шопинг заедницата, поради бројните попусти и поволности, купуваат почесто и трошат повеќе пари кај Трговски партнери отколку другите потрошувачи, бидејќи ги ползуваат предностите од купувањето.
  2. Стекнување нови потрошувачи – со користењето на Cashback програмата на Cashback Solutions, бизнисот допира директно до целната група, и ги комуницира токму вистинските понуди со што на економичен начин се стекнуваат нови потрошувачи. А, бидејќи личната програма за лојалност е интегрирана во Cashback Program, во исто време овие потрошувачи ќе се трансформираат во лојални потрошувачи!
  3. Стекнувањето лојални потрошувачи не било полесно, без поголеми инвестициски трошоци, бизнисот може да понуди за своите потрошувачи сопствена брендирана картичка за лојалност, а пак со атрактивните понуди достапни во Cashback ш опинг заедницата, потрошувачи ќе прераснат во лојални потрошувачи. Освен тоа, со професионалната база на податоци за потрошувачите, бизнисот секогаш има увид на контактите, состаноците, па прецизно ќе може да ги планира акциите и настаните за редовните потрошувачи.
  4. Конкретно обраќање кон посакуваните целни групи овозможува да креирате порака, понуда или било каква таргетирана комуникација кон специфична таргет група. Врз основа на детални критериуми кои му се задаваат на системот, бизнисот може да дефинира специфични групи на потрошувачи со кои директно може да комуницира. Дополнително, со ексклузивните Shopping Point Deals за новите и редовните потрошувачи, бизнисот допира директно до целните групи со соодветната понуда! И што е навистина важно, потрошувачот може да ги искористи собраните шопинг поени во било кој од Трговските партнери.
  1. Информативна евалуација на статистиките за бизнисот – повеќе нема потреба од десетици табели и извештаи, бидејќи бизнисот со само еден клик добива целосен преглед на најважните бројки од своето работење: oбрти, трансакции, просечни вредности на купување, удел во обртот на новите и редовните потрошувачи, распределба на обртот по старосни групи, денови во неделата и региони, зголемувањата или намалувањата на обртот во споредба со целокупниот сектор, а пак со чија анализа бизнисот може да ги увиди трендовите и соодветно да реагира на нив, носејќи ги вистинските одлуки во вистинското време.
  2. Зголемување на задоволството на потрошувачите, бидејќи бизнисот редовно ќе има увид во својата таргет група и ќе може да ги пресретне нивните потреби. Дополнително, во рамките на системот има опција за подготовка на прашалници коишто се изготвуваат брзо и се испраќаат по електронски пат веднаш по посетата на клиентот, а кои на бизнисот му овозможуваат брз фидбек.
  3. Креирање дополнителен приход кој потекнува од самото тоа што бизнисот е дел од Cashback Solutions, благодарение на MTERM App, каде бизнисот ги регистрира сите ново стекнати членови на шопинг заедницата. На тој начин, не само што бизнисот профитира од продажбата на производите/услугите од сопственото портфолио, туку и од сите купувања направени од страна на регрутираните членови кај сите други Трговски партнери, дури и ако тие се конкуренција! Целосна win-win ситуација во која добиваат и потрошувачите и бизнисите кои се дел од Cashback solutions.

 

Повеќе информации за Cashback Solutions и понудите се достапни на следниот линк  – www.cashback-solutions.com/mk

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП