29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВитаминка АД Прилеп ги објави финансиските резултати за 2018 година

Витаминка АД Прилеп ги објави финансиските резултати за 2018 година

П.И “Витаминка” АД Прилеп за периодот Јануари – Декември 2018 година оствари добивка во износ од 28.832 илјади денари и е намалена во однос на претходната година кога изнесувала 34.754 илјади денари.

Остварените консолидирани вкупни приходи во 2018 година изнесуваат 2,361,280 илјади денари и во споредба со остварените во 2017 година бележат раст од 30%. Во структурата на вкупните консолидирани приходи најголемо учество, 98%, имаат приходите остварени од продажба на производи и услуги  од основна дејност,  кои во споредба со остварените во 2017 година бележи раст  од 30%.

Остварените консолидирани вкупни расходи во 2018 година изнесуваат 2,426,110 илјади денари и во споредба со остварените во 2017 година раст од 39%.  Растот на вкупните консолидирани расходи е во корелација со работењето во 2018 година.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП