25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP ја прошири листата на батерии кои ги повлекува поради можноста за...

HP ја прошири листата на батерии кои ги повлекува поради можноста за прегревање

Американската комисија за безбедност на производите (United States Consumer Product Safety Commision) објави дека HP повлекува и бесплатно менува 78,500 дополнителни батерии на кои е утврдено дека постои можност од прегревање.

Оваа одлука била донесена по осум инциденти во кои батериите биле прегреани и растопени. Во еден случај имало мала повреда на корисникот, а во два случаи била пријавена штета во домот на корисникот. Првичните случаи биле пријавени во јануари 2018 година, кога било откриено дека 50.000 лаптопи се изложени на опасност од прегревање на батериите, а сега е потврдено дека може да се случи истата ситуација и на дополнителни 78.500 компјутери.

Овој дополнителен контингент на погрешни батерии бил откриен во јануари оваа година, но засега нема официјални објави за овој проблем, освен што на сајтот на HP се појавило објаснување за кои батерии се работи.

Неисправните батерии се наоѓаат во HP компјутери направени во периодот помеѓу април 2015 и април 2018 година, а се однесува на следниве модели: HP ProBook (64x G2 и G3 серија, 65 серија G2, G3, G4 4XX серија), HPx360 (310 G2) HP Pavilion x360 11 Notebook PC и HP 11 Notebook PC.

Исто така, тоа се однесува на заменските батерии направени во периодот помеѓу април 2015 и декември 2018 година, за следниве компјутерски модели: HP ZBook Studio G4 mobile workstation, HP ProBook 4xx G5 series, HP Envy 15, kao i HP Mobile Thin Clients (mt21, mt22 i mt31).

Бесплатна замена на батериите ќе се изврши во овластени сервисни станици. Додека овој процес не заврши, HP повикува да се изврши апдејт на BIOS на погодените компјутери, кои имаат можност на ставање на компјутерот во „Baterry Safety Mode“, за да може безбедно да го користат и без батерија, додека тие се поврзани на HP струјни адаптери.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП