22 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИБританија смета дека опремата на „Huawei“ има безбедносни слабости

Британија смета дека опремата на „Huawei“ има безбедносни слабости

Велика Британија јавно ја критикуваше кинеската „Huawei Technologies“ за неуспехот да ги поправат долготрајните безбедносни пропусти во својата мобилна мрежна опрема и откри нови технички проблеми во меѓувреме, пренесува РТ.

„Huawei“ се бори против обвинувањата од Западот дека Пекинг би можел да ја користи нивната технологија за шпионажа.

Одборот предводен од британската влада, кој ја надгледува проверката на опремата на „Huawei“ во Велика Британија, во извештајот објавен денеска вели дека континуираните проблеми со развојот на софтверот на компанијата довеле до значително зголемен ризик за операторите во Велика Британија.

Одборот, исто така, рече дека „Huawei” не постигнал никаков напредок во врска со безбедносните пропусти, и дека немаат доверба во капацитетот на „Huawei“ да ги спроведе предложените мерки за решавање на прикриените дефекти.

Во соопштението од „Huawei“ се вели дека дека проблемите идентификувани во извештајот обезбедуваат витален инпут за тековната трансформација на нивните софтверски инженерски капацитети.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП