5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFord ги затвара фабриките во Русија: Американската компанија се повлекува од пазарот...

Ford ги затвара фабриките во Русија: Американската компанија се повлекува од пазарот во Русија!

Американската компанија Ford ги затвора трите фабрики во Русија бидејќи се повлекува од производство на патнички автомобили во земјата, што ќе резултира со огромна загуба на работни места.

Од Ford соопштиja дека ќе престанат да произведуваат патнички автомобили во Русија до крајот на јуни, кога ќе се затвори погоните за склопување на автомобили во Санкт Петербург и во Небрежни Челни, како и фабриката за мотори во Јелабуга.

Како причини за оваа одлука, американскиот производител на автомобили го наведува спорото закрепнување на рускиот пазар на автомобили после економската криза во последните неколку години и менување на насоката на купувачите на поевтини автомобили.

Ford својата дејност во Русија, преку мешовитатат компанија “Ford Solers” ќе се фокусира исклучиво на комерцијални транзит комбиња.

Компанијата во последниве години во повеќе обиди го намалувала или прекинала производството во фабриката во Санкт Петербург, повикувајќи се на ниската побарувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП