4 јули, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМАКПЕТРОЛ АД Скопје со одлични финансиски резултати - 2,5 пати повисока добивка...

МАКПЕТРОЛ АД Скопје со одлични финансиски резултати – 2,5 пати повисока добивка за 2018 година

МАКПЕТРОЛ АД Скопје за периодот јануари-декември 2018 година оствари вкупен приход во износ од 22,2 милијарди денари, кој е поголем од минатогодишниот за 3,2 милијарди денари, односно остварен е пораст од 16,6%. Во структурата на приходите, најголем удел имаат приходите од продажба со учество од 98,6%, коишто приходи се остваруваат 94,9% со продажба на домашниот пазар.

Во истиот период се остварени вкупни расходи во висина од 21,3 милијарди денари што претставува зголемување во однос на минатата година за само 2,6 милијарди денари или 14,2%.

На крајот на овој период, Друштвото оствари позитивни финансиски резултати искажани преку добивка пред оданочување во износ од 850,9 милиони денари, односно добивка по оданочување во износ од 773,2 милиони денари, која е 2,5 пати поголема од остварената добивка минатата година кога изнесуваше 314,5 милиони денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП