19 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНООфицијално: Солскјер назначен за постојан тренер на Манчестер Јунајтед

Официјално: Солскјер назначен за постојан тренер на Манчестер Јунајтед

Оле Гунар Солскјер е нов постојан менаџер на Манчестер Јунајтед. Веста која веќе некое време сите ја очекуваа, беше потврдена официјално од клубот. Договор на норвешкиот стратег е за три години.

Четириесет и пет-годишниот поранешен напаѓач на „црвените ѓаволи“ беше назначен привремено на функцијата во декември, кога го наследи Жозе Мурињо, кој беше отпуштен. Солскјер стана првиот менаџер во историјата на клубот, кој ги освојува првите шест средби во првенството.

Под негово раководство, екипата забележа само еден пораз во 13 натпревари во Премиер лигата и се доближи на два поени од четвртото место од кое заостануваше со 11 поени, кога Норвежанецот беше назначен. Освен тоа, Манчестер Јунајтед успеа да го елиминира ПСЖ и да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

– Од првиот ден, во кој пристигнав, се чувствував како дома во овој специјален клуб. За мене беше чест да бидам играч на Манчестер Јунајтед, а потоа да ја стартувам тренерска кариера тука. За мене последните неколку месеци претставуваат фантастично искуство и јас сакам да се заблагодарам на сите други тренери, на играчите и на штабот за работата што ја завршивме досега. Тоа е работата за која отсекогаш сум сонувал. Повеќе од возбуден сум дека ќе имам шанса да го водам клубот долгорочно и се надевам дека ќе продолжиме да забележуваме успеси, кои нашите неверојатни приврзаници ги заслужуваат, изјави Солскјер пред клупскиот сајт.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП