20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајголема епидемија на мали сипаници во државата Њујорк: Децата кои не се...

Најголема епидемија на мали сипаници во државата Њујорк: Децата кои не се вакцинирани им се забранува да одат на јавни места

Во една област на државата Њујорк прогласена е вонредна состојба поради една од најголемите епидемии на мали сипанци во последните неколку децении.

Затоа, во кругот на Rockland во следните 30 дена на сите малолетници кои не се вакцинирани ќе им биде забранет пристап на јавни места, барем додека не добијат вакцина.

Станува збор за последната низа на епидемии во САД, кои се “бастион” во движењата против вакцинирањето.

Rockland кој се наоѓа на околу 20 километри од Менхетн во Њујорк, прогласи вонредна состојба поради сипаниците, која ќе трае 30 дена или додека сите невакцинирани деца не ја примат вакцината.

Епидемијата на мали сипаници е регистрирана и во Калифорнија, Илиноис, Тексас и Вашингтон, според податоците на американскиот центар за контрола и превенција на болести, објавија американските медиуми.

Во последниот извештај на СЗО, објавен во ноември, се наведува пораст на лажни вести за вакцините – со генерално лошата состојба на системот за здравствено осигурување во светот – една од главните причини зошто има зголемување на заболени за 30 проценти во 2016 и 2017 година.

“Само од неколку случаи може брзо да прераснат во десетици или стотици илјади, ако граѓаните не се вакцинирани”, изјавија од СЗО.

Најголем проблем се Северна и Јужна Америка, Европа, како и земјите од источниот Медитеран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП