3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple издаде виртуелна кредитна картичка

Apple издаде виртуелна кредитна картичка

Американскиот технолошки гигант Apple, ја претстави својата виртуелна кредитна картичка – Apple Card, која доаѓа оваа година и е наменета за корисниците на iPhone, со што компанијата ја прошири својата понуда на финансиски услуги. 

Првиот човек на Apple, Тим Кук на презентацијата истакна дека потребно е само корисникот да се најави директно на својот iPhone и веднаш ќе добие употреблива дигитална верзија на картичката, додека во физичка форма, картичката ќе биде изработена од титаниум, пренесува порталот “BuzzFeed.News”.

Apple виртуелната картичка ќе биде вградена во апликацијата на Apple Pаy паричникот и е дизајнирана за да ги дополни постоечките можности за плаќање на Apple, како и да ги потисне другите кредитни картички кои можат да бидат во паричникот на корисникот. Затоа тие осмислија придобивки и бенефиции за новите корисници на картичките.

Всушност, секој пат кога некој клиент ќе изврши плаќање преку платежната картичка на платформата на Apple Pay добива поврат на износот во висина од 2,0 проценти од вредноста на трансакцијата, што е награда која компанијата ја нарекува ”Дејли кеш”(Daily Cash).  За купување на производи директно од Apple, ќе добиете враќање во готово од 3,0 проценти, а оние кои плаќаат со физичка картичка ќе имаат рефундирање од еден процент.

Со ова, на компанијата би можело да и се зголеми продажбата на производите, со тоа што во иднина на клиентите ќе им нуди повеќе бенефити на “целосната цена” за своите производи со плаќање преку Apple картичката, отколку да бараат попусти на друго место. Покрај тоа, картичката нема никакви надоместоци: нема надоместоци за задоцнето плаќање, чланарина или надоместоци за меѓународни плаќања, додека Кук, не конкретизирајки, ветил пониски каматни стапки од конкуренцијата.

Непостоењето на надоместок за задоцнување е феноменално, но дали ќе биде одржливо на долг рок, тоа допрва треба да се види, констатира BuzzFeed.News.

Apple картичката ќе функционира насекаде, а ќе ја прифаќаат и трговците кои учествуваат во глобалната мрежа на плаќање MasterCard, додека на банкарска страна зад картичката ќе застане “Goldman Sachs”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП