Компанијата Google, која е во сопственост на американскиот конгломерат Alfabet, денеска објави дека реформите за авторски права на ЕУ ќе предизвикаат “вистинска неизвесност” и ќе нанесат штета на креативните и дигиталните економии на Унијата.
Европскиот парламент претходно усвои прелиминарна регулатива со која се менува владеењето на авторските права стари 20 години, со што ќе го натера Google да ги плати издавачите и уметниците за користење на нивниот труд онлајн на интернет страницата, објави Ројтерс.
Европската комисија го започна овој процес пред две години, во обид да го заштити европското културно наследство и да обезбеди издавачите, радиодифузерите и уметниците да добијат фер надомест од големите онлајн компании.