20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald's нуди 300 милиони долари за ,,револуција'' на менито

McDonald’s нуди 300 милиони долари за ,,револуција” на менито

McDonald’s  во својата најголема аквизиција за 20 години, купува технолошка компанија за логистичко одлучување како подобро би ги персонализирал дигиталните менија. Овој светски познат синџир на ресторани за брза храна ќе им даде повеќе од 300 милиони долари на ”Dinamic Yield Ltd”, според зборовите на лицето кое е запознаено со темата, наведува Blumberg.

Со новата технологија, рестораните на McDonald’s можат да ги разликуваат своите електронски прикажувања на менијата, во зависност од факторите како што се временските услови – повеќе кафе во студените денови или на пример, сладолед во топлите денови. Менијата, исто така, ќе предложат дополнителни ставки на корисниците.

Од преземањето на функцијата во 2015 година, извршниот директор Стив Истрбук ја “охрабри” употребата на технологија – вклучувајќи киосци за самостојно порачување на храна, дигитални менија и испорака. Сето ова е да се зголеми продажбата и да се помогне McDonald’s да се истакне меѓу конкурентите.

“Технологијата е клучен елемент за нашиот план за раст”, изјави Истрбук. Тој додаде дека McDonald’s ја проширува улогата koja ќе ја има технологијата во нивната иднина и брзината со која тие ќе можат да ја применат со цел создавање на персонализирани искуства за клиентите.

McDonald’s  ја тестираше технологијата “Dinamic Yield” во САД минатата година и планираат да се прошират на пазарите во странство откако договорот ќе биде “склучен”.

Со овој договор, McDonald’s станува единствен сопственик на “Dinamic Yield”, со седиште во Њујорк и Тел Авив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП