Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 13,366.09 0.17%    GRNT 1,179.97 0%    KMB 7,652.15 0.07%    MPT 77,971.46 -0.03%    MTUR 5,700.00 0%    OHB 5,095.09 0.97%    OKTA 4,796.51 2.05%    PKB 12,000.00 -2.28%    REPL 81,000.00 1.26%    RZEK 48.00 0%    RZLV 40.00 0%    RZTK 701.00 0%    RZUS 68.00 0%    SBT 3,026.72 0.89%    STB 1,300.00 -0.08%    STBP 655.00 -1.06%    TETE 2,250.00 0%    TTK 1,700.00 0.01%    UNI 2,200.00 -0.95%    

Vip воведува Smart Home

Време: 12:52

Датум: март 26, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

Иновативно решение за автоматизација на домот

Телекомуникациската компанија Vip со гордост ја најавува најновата услуга во своето портфолио базирана на вештачка интелигенција и го претставува Smart Home, паметен систем за управување со електричните уреди во домаќинството, со цел зголемување на удобноста во секојдневното живеење, сигурноста и безбедноста.

Најновото паметно решение, Vip Smart Home овозможува преку користење на едноставна апликација од смартфон, корисникот да управува со електричните уреди во домот и да провери дали е сè во ред во секое време, од кое било место.

Vip Smart Home е достапен преку четири пакети: Vip Smart Home Basic, Vip Smart Home Protect, Vip Smart Home Comfort и Vip Smart Home Office . Со активација на еден од пакетите во  Vip Smart Home S тарифата со договор на 24 месеци во промотивниот период корисникот може да ја добие услугата без претплата.

“Во насока на обезбедување на дигитални, модерни решенија, достапни за сите, денеска ја лансираме новата услуга Vip Smart Home. Овој производ нуди висококавлитетни уреди, со што обезбедува доверливост на услугата, едноставно и интуитивно користење, како и пристапни цени. Vip Smart Home нуди голем број на можности за автоматизација на домот, за сите корисници кои сакаат да се чувствуваат безбедно и удобно во секое време од денот”, изјави Бисера Николова, раководител на одделот за резидентни корисници во Vip.

Vip Smart Home се инсталира на многу лесен и едноставен начин и е достапен за сите корисници кои имаат интернет пришто автоматски се прилагодува на дневните рутини и навики,  функционира преку централната единица која ги поврзува паметните уреди со смартфон на корисникот и овозможува да ги управува сите уреди од било кое место.

Паметниот приклучок овозможува раководење со кој било електричен уред кој е со моќност до 2500 w преку смартфон или таблет, без разлика од местото на кое се наоѓа корисникот. Благодарение на сензорот кој функционира со магнет, корисникот секогаш знае дали вратите и прозорците во домот се затворени. Повеќенаменскиот сензор автоматски го детектира секое движење  и овозможува мерење на температура и интензитет на светлината, а внатрешната камера овозможува следење на случувањата во домот на корисникот како и снимање во радиус од 115 °, со можност за HD видео стриминг и ноќно снимање. Во комбинација со повеќенаменските сензори, камерата започнува со снимање штом се активира сензорот.

Паметната сијалица овозможува лесно контролирање на осветлувањето во домот и е дизајнирана за рачна и автоматска контрола на светлината. Со неа, лесно може да биде одреден тонот на бојата и интензитетот на светлината од каде било.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Samsung ја дезинфицира фабриката

    Samsung ја дезинфицира фабриката

    Јужнокорејската фабрика за мобилни телефони на Samsung во Кина е затворена за да се дезинфицира откако еден работник бил заразен со коронавирус. Како што соопштила…

  • eBay преговара за продажба на одделот за рекламирање

    eBay преговара за продажба на одделот за рекламирање

    eBay Inc. разговарал со повеќе кандидати во врска со потенцијална трансакција за работата со квалификуваните реклами, објави компанијата во петокот. Компанијата очекува дека ќе објави…

  • Facebook ќе им плаќа на корисниците за гласовни снимки

    Facebook ќе им плаќа на корисниците за гласовни снимки

    Компанијата Facebook објави дека на своите корисници ќе им плаќа за нивните гласовни снимки, кои компанијата ќе ги користи за унапредување на својот систем за гласовно…

  • Tesla продолжува да ја сече шумата поради изградба на Гигафабрика во Германија

    Tesla продолжува да ја сече шумата поради изградба на Гигафабрика во Германија

    Работите на изградбата на гиганската фабрика на Tesla во Германија ќе продолжат, помалку од една недела откако судот ја прекина сечата на шума на локацијата…

  • Виталиа се приклучува на Nestlé и Danone во борбата со климатските промени

    Виталиа се приклучува на Nestlé и Danone во борбата со климатските промени

    Свесноста за екологијата, климатските промени и градењето на зелена иднина станува една од главните теми на разговор во модерното општество. Со цел да се изгради…

  • Имаме стар возен парк, половина од возилата се со дизел-мотори

    Имаме стар возен парк, половина од возилата се со дизел-мотори

    Според податоците на Макстат базата, просечната старост на патничките автомобили во 2018 година во нашата држава е 19,1 години. На патиштата во 2018 година имало…

  • Познатиот бренд за долна облека се продаде за половина милијарда долари

    Познатиот бренд за долна облека се продаде за половина милијарда долари

    Приватната фирма Sycamore Brends ќе биде новиот мнозински сопственик на компанијата Victoria’s Secret, пренесува AP. Sycamore Brends ќе купи 55 проценти од капиталот на Victoria’s Secret за…

  • Нова понуда за станбен кредит на Охридска банка: Станбен кредит на Охридска банка со 10 години фиксна каматна стапка од 3,5 %

    Нова понуда за станбен кредит на Охридска банка: Станбен кредит на Охридска банка со 10 години фиксна каматна стапка од 3,5 %

    Од денеска, Охридска банка го збогатува своето портфолио на производи со нов тип на станбен кредит, овозможувајќи им на своите клиенти уште поповолни услови; најдолго…

  • Нови грешки на авионите на Boeing

    Нови грешки на авионите на Boeing

    Boeing 737 MAX се соочува со потенцијални нови безбедносни проблеми. Поточно, пронајдени се пукнатини во резервоарите за гориво на неколку нови авиони кои се наоѓале во…

  • А1 Македонија за деловните корисници: A1 Business, подарок таблет и Office 365

    А1 Македонија за деловните корисници: A1 Business, подарок таблет и Office 365

    Со цел засилување на процесот на дигитална трансформација како и флексибилно работење, А1 Македонија го збогатува своето портфолио со нова понуда за деловни корисници на…