4 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony RXO II пренослива акциона камера со преклоплив екран

Sony RXO II пренослива акциона камера со преклоплив екран

Во 2017 година Sony се приклучи на компаниите кои произведуваат акциони камери. Нивниот тогашен модел RXO го доби својот наследник – RXO II. Оваа камера има сензор од 15,3 милиони точки и Zeiss Tessar Т 24mm фиксен објектив за широкоаголна конверзија, со минимален фокус од 20 см. Камерата е многу мала и тежи само 132 грама.

Сепак, за разлика од својот претходник, но и од сите други акциони камери на пазарот, RXO II е селфи-френдли камера, благодарение на прилагодлив LCD екран, кој може да се ротира за 180 степени на хоризонтална и 90 степени на вертикалата оска. На тој начин, корисникот може да гледа во камерата додека прави фотографија или видео. Покрај тоа, камерата исто така има и Eye AF како би се фокусирала автоматски на корисникот кој снима.

Се разбира, постои непосредна можност за снимање на 4K видео (30 fps) со стабилизација, кој според производителот, обезбедува мирно снимање дури и при рачно снимање. Исто така на располагање е и Super Slow Motion мод, кој снима видео во 1000 fps, како и континуирано мод на снимањa за time-lapse снимки.

Камерата е без дополнително куќиште, водоотпорна до длабочина од 10 метри, издржува падови од висина од два метри и може да издржи удар до 200 кг. Имајќи предвид дека камерата со мали димензии на Sony исто така подготви опционален држач со интегрирани контроли. Овој додаток, исто така, има влез за внатрешен микрофон. Покрај тоа, Sony Imaging Edge Mobile апликацијата ви овозможува да контролирате до пет RXO II камери истовремено.

Камерата ќе биде достапна за продажба во април, по цена од 700 долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП