20 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 26.03.2019

Дневен хороскоп 26.03.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Преморени сте и потребен ви е мир, но вие како да не посакувате тоа да го направите, поради тоа што морате да го промените планот. Подготвени сте да одите преку своите можности и размислувате како да се изборите со конкуренцијата, без разлика за што станува збор и со која работа се занимавате. Добро се чувствувате во друштво на Лав.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Работните обврски не можат да чекаат. Најпрво завршете ги сите, па потоа преостанатото време посветете го на релаксација и забава. Време е за диета и тренинг, претерувате со калоричните и нездрави оброци.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Пред да започнете некој да озборувате, размислете дали вашите коментари ќе влијаат негативно врз околината. Доколку сакате да го задржите партнерот, време е и вие малку да се потрудите. За да ја подобрите вашата здравствена состојба, започнете да се храните поздраво.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Доколку во себе имате негативна енергија, наместо да ја истурите на вашите блиски, одете во најблиската теретана и потрошете ја целата енергија. Вечерва легнете си порано, потребен ви е сон. Оние кои не се во врска, ги очекува интересен флерт со некоја личност.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Денот е прекрасен за уживање во вашиот дом. Посветете го целото внимание на вашето семејство и тоа ќе се чувствува многу добро. На крајот од денот ќе добиете повик од стар пријател. Внимавајте во сообраќајот.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Од партнерот очекувајте скап подарок. Имате нагласена потреба да ја докажете својата страственост и своите способности. Потребно е да имате поголемо трпение. Здравјето ви е одлично.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Малку слободно време оставате за своите потреби и задоволства. Вашата окупираност со ситници скапо ве чини и ако сте сами тоа е причината зошто луѓето не можат да бидат со вас и да се релаксираат во ваше друштво. Внимавајте на здравјето.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Се чувствувате лошо поради деловната ситуација. Тешко поднесувате пораз. Една личност чека да ја забележите веќе подолго време. Хедониста сте, препуштете му се на уживањето. Не консумирајте алкохол.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Некој сака да ви наштети на работа но ќе успеете да ја поправите неправдата пред било какви последици. Не им дозволувајте на родителите да ви се мешаат во љубовниот живот.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Обидете се да се смирите малку. Вишокот на слободно време како да работи против вас, бидејќи премногу размислувате и гледате проблеми дури и онаму каде ги нема. Финансиската ситуација е нестабилна, па тоа ви ги нарушува семејните односи.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Изненадени сте од однесувањето на личностите за кои мислевте дека добро ги познавате. Не сте одговорни за туѓите постапки, па немојте ни да губите време за нивна анализа. Поради лошото расположение имате потреба да се изолирате од околината.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Расположението овој ден ќе ви биде на завидно ниво. Активностите на полето на комуникациите може да ви послужат за остварување на лични цели, а особено во љубовта. Внимавајте да не потрошите повеќе пари од планираното. Секој долг што сега ќе го направите, во иднина може да ви донесе големи проблеми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП