Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,310.00 0.63%    BESK 8,730.00 -3%    GRNT 832.42 0.19%    KMB 5,264.58 -0.83%    MPT 52,500.00 0.04%    MTUR 5,249.25 -0.01%    OHB 6,077.33 -1.18%    OKTA 4,295.55 -1.64%    SPAZ 18,000.00 0%    STB 1,142.25 -0.24%    TEL 299.11 -0.3%    TNB 15,965.40 0.95%    

Интернет ”од вселената” пристигнува во 2021 година?

Време: 12:10

Датум: март 23, 2019

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Компанијата OneWeb обезбеди 1,25 милијарди долари за да го забрза воспоставувањето на глобалната мрежа за супербрз широкопојасен пристап на интернет со помош на сателити.

Од OneWeb велат дека лансирањето на мрежата во 2021 година е “неизбежно”. Во февруари, оваа компанија успешно ги лансираше првите сателити способни да го овозможат сето тоа, наведува BBC.

По последната рунда на обезбедување на пари, OneWeb има вкупно 3,4 милијарди долари капитал, до кои дојдоа благодарение на инвеститорите како што се јапонскиот технолошки гиганти Softbank, Virgin Group, Coca-Cola и Qualcomm.

OneWeb вели дека благодарение на тој капитал, тие до крајот на годината ќе почнат да лансираат 30 сателити месечно, кои кога сите ќе бидат лансирани, ќе бидат распоредени така што ќе можат да овозможат интернет во целиот свет.

За да им тргне од рака, во ниската орбита околу Земјата, или на височина до 2.000 километри од површината на Земјата, ќе мора да лансираат вкупно 650 сателити – иако нивниот конечен број би можел да достигне и до 2.000.

Тоа ќе биде најголемата програма за лансирање на сателити во историјата на OneWeb, која е во конкуренција со компанијата SpaceX, која има слични планови. Овие компании сакаат да го однесат интернетот на оние делови од светот кои моментално немаат широкопојасен пристап на мрежата или кога пристапот е нерамномерен.

Американскиот претприемач за телекомуникации, Грег Вајлер, минатиот месец изјави за BBC дека неговата цел е да им помогне на луѓето во земјите во развој.

“Ако ги погледнете економиите во развој каде што нема пристап до интернет или е многу ограничен, воглавно ќе видите сиромаштија”, рече Вајлер. “Проблеми со здравјето, родовата нееднаквост… сите проблеми имаат ист корен. Луѓето немаат можност да учат, да излезат од сиромаштија и да ги градат своите заедници, па затоа вмрежувањето е толку важно!”.

 

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • ЛШ: Вардар на чекор од „Ф4“ по убедливата победа над ПИК Сегед

    ЛШ: Вардар на чекор од „Ф4“ по убедливата победа над ПИК Сегед

    Екипата на Вардар го совладат ПИК Сегед со 31-23 (14-12) во четвртфиналето на ракометната Лига на шампиони и со тоа си обезбеди добра предност пред…

  • LG ќе престане да произведува телефони во Јужна Кореја

    LG ќе престане да произведува телефони во Јужна Кореја

    LG планира да го прекине телефонското производство во својата јужнокорејска фабрика, според наводите на Reuters. Извештајот дополнително сугерира дека компанијата ќе го префрли производството во…

  • Необичен часовник инспириран од природата

    Необичен часовник инспириран од природата

    Кога првпат беше претставен за време на овогодинешната SIHH изложба, H.Moser & Cie Nature часовникот стана вистински спектакл. Многу луѓе мислеа дека во прашање е шега,…

  • Пропаднаа преговорите за спојување на Deutsche Bank и Commerz Bank

    Пропаднаа преговорите за спојување на Deutsche Bank и Commerz Bank

    Преговорите за спојување на двата водечки германски кредитори Deutsche Bank(DB) и Commerzbank завршија неуспешно. “Заклучивме дека придобивките од оваа трансакција нема да бидат доволни за…

  • Beiersdorf нов партнер на Атлантик Група во Македонија

    Beiersdorf нов партнер на Атлантик Група во Македонија

    Со Нивеа во дистрибутивното портфолио, Атлантик Група има шест од десетте најдобри регионални брендови Во средината на март, Атлантик група потпиша договор за соработка за…

  • СЗО: Пред екран не повеќе од еден саат

    СЗО: Пред екран не повеќе од еден саат

    Децата помали од една година не треба воопшто да имаат допир со екрани. Уредите станаа вообичаен дел од секојдневниот живот. Меѓутоа, проблемот е во тоа…

  • Минатогодишните добитници на детскиот ликовен конкурс на „Ладна“, семејството Цветковски ни раскажува: „Не поминува ден, а да не се спомене времето кое го поминавме во Дизниленд“

    Минатогодишните добитници на детскиот ликовен конкурс на „Ладна“, семејството Цветковски ни раскажува: „Не поминува ден, а да не се спомене времето кое го поминавме во Дизниленд“

    Цртај со Ладна и патувај во Дизниленд Која е омилената активност на вашето дете кое секогаш со задоволство ја прави?! Кај повеќето цртањето ќе биде…

  • Катастрофални капитални инвестиции – за три месеци потрошени само 6%

    Катастрофални капитални инвестиции – за три месеци потрошени само 6%

    Продолжува катастрофалната реализација на капиталните инвестиции. Во првиот квартал биле потрошени само 6.21% од планираните пари за цела година. За да се оствари проекцијата реализацијата…

  • Наскоро почнува најголемата регионална  е – спорт лига!

    Наскоро почнува најголемата регионална е – спорт лига!

    А1 и ESL ПОВТОРНО ПОДГОТВУВААТ СПЕКТАКЛ На чекањето му дојде крај и новата сезона A1 Adria League powered by ESL е пред вратите. Пријавите за…

  • НБРМ го усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на земјава за 2018 година

    НБРМ го усвои Годишниот извештај и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на земјава за 2018 година

    Советот на Народната банка денес одржа редовна седница, на која беше разгледан и усвоен Годишниот извештај за 2018 година. Притоа беше нагласено дека и во…