18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПетиција во Брисел: Собрани повеќе од милион потписи за откажување од Брегзит

Петиција во Брисел: Собрани повеќе од милион потписи за откажување од Брегзит

Повеќе од еден милион луѓе ја потпишаа петицијата за укинување на Брегзит, соопшти Комитетот за петиција на Претставничкиот дом на Парламентот. Во соопштението се наведува дека во овој случај, постигнат е апсолутен рекорд во брзината на собирање потписи.

Бројот на луѓе кои сакаа да ја потпишат петицијата во текот на денот беше толку голема што интернет системот “падна” повеќе пати, бидејќи на веб-сајтот во исто време се пријавиле помеѓу 80.000 и 100.000 луѓе.

Петицијата и понатаму има голема поддршка, и на секоја минута се приложуваат околу 2.000 потписи.

“Брзината на потпишување е најголема од било кога и моравме да воведеме некои промени за сајтот да остане стабилен и отворен за нови потписи и петиции,” се вели во соопштението.

Петицијата веќе доби подршка која е потребна за разгледување пред Долниот дом, а тоа е 100.000 потписи.

“Владата упорно тврди дека напуштањето на ЕУ е вољата на народот. Ние сега мора да покажеме сила за јавната подршка за останување во ЕУ.  До народно гласање може нема да дојде, затоа гласајте сега”, се наведува во петицијата , пренесува агенцијата TASS.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП