29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКаролина Гочева како модна инспирација за MANGO жената

Каролина Гочева како модна инспирација за MANGO жената

Каролина Гочева станува дел од семејството на  MANGO Македонија за 2019-та година.

Кампањата на шпанскиот бренд Mango за оваа сезона е наречена “New Voices” и има за цел да ја истакне моќта на културата во заедницата, при тоа раскажувајќи приказни за жени кои не само што се убави туку се и реализирани, инспиративни и оставаат свој печат врз средината во која живеат и работат. Како продолжување на оваа иницијатива, логично доаѓа и соработката на брендот со Каролина Гочева која со својот сензибилитет, префинетост, успех и постојана работа на себе е вистинска инспирација за многумина.

Низ серијата фото стории кои следуваат, Каролина ќе биде претставена во еден поинаков контекст и во облека во која може да се пронајдат голем број девојки и жени. Иако секој изглед е сосема различен, едно нешто е заедничко – леснотијата со која Каролина како вистинска MANGO жена ги носи парчињата и уникатноста што ја дава нејзиниот карактер на секоја од фотографиите.

Првата серија фотографии и комбинација која ја претставуваме, прикажува нежна и елегантна комбинација во која носечко парче е таканаречниот слип дрес. Едноставен, а секси, овој фустан добива нова димензија кога оди во комбинација со палто со строги лини и неизбежната ремен-чанта, едно од клучните парчиња за оваа сезона. Уште еден моден детаљ кој е вистински “must-have” за пролет/лето 2019, се провидните чевли, а во овој изглед тие совршено се совпаѓаат во женствената силуета која ја презентираме.

Тимот кој работеше на мартовската фотосесија го сочинуваат: Ани и Дими  – фотографија, Дарко Митев – видео, шминка и фризура Beauty Hub 202 (Васе Доковски и Даниел Артевски) и стилистот Алмир Мили.

Наскоро следуваат уште модни изненадувања од соработката помеѓу Каролина Гочева и MANGO.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП