13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонија меѓу најнесреќните нации во регионот

Македонија меѓу најнесреќните нации во регионот

Македонија е на 84-то место на светската ранг-листа за среќа, која опфаќа 156 земји, според извештајот на Обединетите нации(World Happiness Report 2019).

Меѓу земјите од поранешна Југославија, најсреќни се во Словенија, која е на 44. место, следи Црна Гора (73), Хрватска (75) и БиХ (78).

Од земјите во регионот, најсреќни се во Романија, која е 48-ма, потоа Грција (82), Бугарија (97) и Албанија (107).

Втора година по ред, Финска го држи првото место, а на последно е Јужен Судан.

Обединетите нации во 2012 година прв пат го објавија овој извештај кој рангираше 156 земји за нивото на среќата на граѓаните.

Извештајот се состои од резултати од направени анкети на граѓаните во земјите на оваа ранг листата. Од испитаниците се бара да одговорат на прашалникот и да го оценат од 1 до 10 каков е степенот на одредени фактори во земјата во која живеат, меѓу другото, сочувство, слобода, великодушност, чесност и здравје.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП