24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМАПАС издаде дозвола на Заваровалница Триглав ДД Љубљана за основање на на...

МАПАС издаде дозвола на Заваровалница Триглав ДД Љубљана за основање на на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови

Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување – МАПАС денеска издаде дозвола за основање на друштво за управување со задолжителни и доброволни пензиски фондови на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија.

Од Агенцијата соопштија дека, заедно со дозволата издале и условни одобренија за управување со задолжителен пензиски фонд и за управување со доброволен пензиски фонд на Заваровалница Триглав ДД Љубљана, Република Словенија.

– Овие одобренија се условни до основање на друштвото и упис на пензиското друштво во Централен регистер на Република Северна Македонија, нагласија од МАПАС.

Посочија дека, со тој чекор се потврдува стабилноста и сигурноста на пензискиот систем и се претставува можност за поголема конкурентност и развој на пензискиот систем, како и повеќе можности за избор во интерес на членовите на пензиските фондови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП