24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИФајненшал Тајмс Дојчланд пред затварање

Фајненшал Тајмс Дојчланд пред затварање

Германското издание на почитуваниот британски дневен весник Фајненшал Тајмс Дојчланд (ФТД), лансиран пред десетина години, на пат е да стане најновата жртва на неповолните трендови кои силно ја погодија глобалната новинарска индустрија.

Германија е најголемиот европски пазар за печатени медиуми и досега беше релативно отпорна на технолошките, културните и демографските сили кои ги поткопаа весниците во многу развиени земји, но работите се променија.

 

Најголемата европска економија забавува со оглед на тоа дека три годишната тврдокорна должничка криза во еврозоната си го зема својот данок, што дополнително влијае на приходите од рекламирање и ја ограничува подготвеноста на потрошувачите да купат весник, кога повеќето од нив можат на интернет да читаат бесплатно.

За судбината на ФТД на денешната средба би требало да одлучат неговиот издавач Грунер(G%2BJ) , со кој управува германскиот медиумски конгломерат Бертелсман. Сите вработени се повеќе од сигурни дека тој се соочува со изумирање.

„Нема новинар кој верува дека весникот ќе продолжи да излегува“, изјави новинар кој работи за весникот од неговото лансирање во 2000 година. Неговиот колега моментот го доловува со фразата „куќа на жалоста“.

Дневниот тираж на ФТД, втиснат на хартија со розова боја, по моделот на британскиот имењак, изнесува приближно 102 илјади примероци. Основан е како заеднички потфат со компанијата Пирсон, но тој издавач на ФТД во 2008 година го продаде својот 50 процентен дел на германскиот партнер.

Неговиот излез во 2000 година силно одекна на германските пазари поради својот модерен дизајн, меѓународната перспектива и слободниот новинарски стил. Никогаш не носел профит, а минатата година ја заклучи со загуба од 10 милиони евра, се вели во германските медиумски извештаи. Акумулираната загуба од 2000 година се проценува на 250 милиони евра.

Новинар на ФТД вели дека германскиот пазар со својата сила сега го погодила структурна криза. „Претходно, кризите во весниците беа поврзани со економијата. Денес, на економијата и оди добро, но се намалува бројот на читатели и огласи. Не сме први, а ни последни кои ќе згаснат“, додаде новинарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП