26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБАНКИОтпечатоци од прсти против хакери!

Отпечатоци од прсти против хакери!

Британската банка “NatWest”(National Westminster Bank) наскоро почнува да ги тестира новите NFC платежни картички, кои за разлика од оние кои секојдневно ги користиме на пазарот, ќе бидат со вграден сензор за отчитување отисоци.

Двеста корисници на нивните услуги, до средината на април ќе почнат да ги користат овие безконтактни картички, за кои нема да биде потребно внесување на пин код. Бесконтактното плаќање со отпечаток од прст ќе биде можно до износ од 30 фунти.

Податоците од отпечатоците од прстот ќе се чуваат во чипот на картичката, па хакерите не ќе бидат во можност да ги украдат од централната база на податоци на Банката, што ја прави картичката посигурна во споредба со безконтактното плаќање (допирање на картичката за читачот ) како што веќе користиме.

Самата картица, сепак, не е без недостатоци, бидејќи отпечатокот од прст може да се “украде” или “имитира”. Експертите, сепак, тврдат дека оваа технологија е многу побезбедна отколку да внесувате PIN.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП