25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБАНКИЗапочнаа преговорите за спојување на двата банкарски гиганти

Започнаа преговорите за спојување на двата банкарски гиганти

Најголемата германска банка, “Deutsche bank” и нејзината конкурентска банка “Commerzbank”, одлучија да започнат разговори за евентуално спојување.

Последните најави на двете банки дојдоа по неколку месечни шпекулации за нивното спојување, но и двете сугерираат дека не е сигурно дека договорот ќе биде постигнат.

Од “Commerzbank” соопштија дека банките се согласни да започнат разговори, додека пак од “Deutsche bank” изјавија дека нивниот одбор на директори одлучил да ги разгледа стратешките опции.

Двете банки на крајот од минатата година имаа вкупно 133.000 вработени со полно работно време, а се соочуваа со доста проблеми во изминатите години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП