8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШпанската модна марка ,,Desigual" го освојува светот

Шпанската модна марка ,,Desigual” го освојува светот

desigual-0

Шпанската модна марка ,,Desigual”, позната по колоритна облека инспирирана од хипи стилот, се повеќе го освојува францускиот пазар што го докажа претходната година со раст на продажбата од 20 отсто, на 120 милиони евра.

На мошне пребирливиот француски пазар, кој во 2012 година одбележа и пад на потрошувачката, овие резултати на брендот кој потекнува од Барселона, се оценуваат за исклучителен успех.

Последните десет години, ,,Desigual” се развива со голема брзина. Вредноста на продажбата во 2012 година во светот достигна 688,5 милиони евра и тоа без задолжување, сметајќи дека компанијата сама го финансира својот раст и инвестициите, изјави директорот Манел Жадрак за францускиот весник „Еко“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП