Американскиот производител на автомобили Форд, соопшти дека ќе отпушти повеќе од 5.000 работници во Германија и дека ќе ја намали работната сила во Велика Британија, во обид да се врати на профитната патека во Европа.
“Форд понудил програми за доброволно заминување на вработените во Германија и Велика Британија”, се вели во соопштението на компанијата.
Сето ова е дел од планот на реорганизација на работењето на Ford кое го најавија уште во јануари, кое, како што соопштија, подразбира укинување на илјадници работни места, затворање на некои фабрики и гасење на некои непрофитабилни производни линии.
Притисок на Џенерал Моторс
Компанијата Форд Европа веќе со години губи пари, а притисокот да се иницира преструктурирање на работењето се интензивира откако ривалскиот Џенерал моторс застана “на нозе”, откако ги продаде своите европски брендови Opel и Vaukshall на француски Peugeot.
Форд вработува околу 24.000 работници во Германија, од кои повеќето од нив работат во Келн – 18.000.
И најголемиот германски производител на автомобили Фолксваген најави намалување на бројот на работни места овој месец.
Компанијата соопшти дека планираат да го намалат бројот на вработени за 7.000 во наредните четири години.
Гигантот на автомобилската индустрија од Волфсбург, како причина за ова, ја наведе поинтензивната автоматизација на “рутинските работни места”.