Мермерен Комбинат АД Прилеп за периодот 1 јануари – 31 декември 2018 година оствари оперативна добивка во износ од 1,543,557 илјади денари, која е дуплирана во однос на претходната година кога изнесувала 745,118 илјади денари.
Приходите од продажба за 2018 година изнесуваат 2,459,454 илјади денари и се повисоки во однос на претходната година за 53% кога изнесувале 1,610,092 илјади денари.
Оперативните расходи изнесуваат 924,062 илјади денари и се повисоки за 10.32% во однос на истиот период минатата година. Зголемени се трошоците за материјали и суровини согласно зголемениот обем на производство и продажба. Исто така се зголемени и расходите за вработените и надворешни услуги. Трошоците за амортизација изнесуваат 140,768 илјади денари и тие се пониски за 0.02% во однос на ланската година.
Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.