20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОтворена втора реновирана Телеком продавница во Тетово

Отворена втора реновирана Телеком продавница во Тетово

Попуст од 3.000 денари за купување смартфон за корисниците на Smart M и Magenta 1 M тарифите, како и за оние кои ќе се одлучат да купат уред со користење Фамилијарен буџет

Во Тетово денеска се отвори реновирана Телеком продавница, втора по ред во градот. Продавницата, којашто се наоѓа во Управната зграда на Македонски Телеком, со реновирањето доби нов и атрактивен амбиент, пред сè како резултат на модерниот дизајн. При уредувањето на внатрешноста е пренесен локалниот дух на градот, а корисниците имаат можност одблиску да се запознаат со врвните услуги и решенија.

Со реновирањето, Телеком продавницата во Тетово нуди врвна услуга од тимот на искусни продажни агенти, одличен преглед на уредите, како и на останатите понуди од богатото портфолио на компанијата. Жителите на Тетово, но и граѓаните од регионот, во продавницата можат брзо и лесно, сè на едно место, да го најдат и одберат она што најмногу им одговара, за беспрекорно корисничко искуство.

По повод отворањето на реновираната продавница во Тетово, Македонски Телеком  денеска подготви посебни поволности, односно изненадувањe за своите корисници кои можат да купат смартфон со попуст од 3.000 денари. Попустот важи за корисниците на тарифните модели Smart M и Magenta 1 M, како и за корисниците кои ќе се одлучат да купат уред со користење Фамилијарен буџет.

Македонски Телеком со отворањето на втората по ред реновирана продавница во Тетово, продолжува со реновирање на објектите, со што освен новиот и атрактивен амбиент како резултат на модерниот дизајн, на корисниците им нуди можност одблиску да се запознаат и да уживаат во придобивките на најдобрите услуги и решенија. Од почетокот на годинава, освен во Тетово, отворени се реновираните Телеком продавници во Охрид и Кавадарци. Компанијата останува фокусирана преку континуираните инвестиции да обезбедува врвно корисничко искуство, предводејќи го процесот на дигитализација на општеството со иновативни решенија кои го поедноставуваат и подобруваат секојдневието на граѓаните.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП