28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИAVON ги лансира новите колекции за нега на кожа и тело Mission,...

AVON ги лансира новите колекции за нега на кожа и тело Mission, K-Beauty и Encanto: спој на најдоброто од далечните краеви на планетата за вистинско уживање на душата и телото!

За AVON, март претставува исклучително богат месец кога станува збор за новитети од светот на убавината.

“Новата јапонска колекција Mission за нега на кожа од Avon, пристигна во Централна Европа. Иако пилот лансирањето на оваа премиум колекција се случи во ноември 2018-та година, вистинскиот бум оваа колекција го доживува токму сега и претставува уште еден пример за одлучноста на AVON да ги донесе последните трендови до секој корисник преку своите Претставници ширум светот. Оваа премиум колекција за нега на кожа претставува одговор на растечкиот интерес и барања на корисниците за режими на нега на кожа инспирирани од јапонските ритуали и анти-ејџ решенијата”, изјави Дана Стојкова, Национален менаџер за продажба за Македонија.

Азиската убавина e голем предизвик за Европа така што новата колекција Mission взаемно ќе се надополнува со новата корејска K-Beauty колекција ексклузивно достапна во AVON.

Mission е инспирирана од трендот на јапонска убавина, или скратено J-Beauty. J-Beauty се базира на едноставноста на традиционалните, висококвалитетни состојки, комбинирани со иновативни и докажани технологии кои вршат блокада на негативните надворешни фактори врз геномот на човекот и предизвикуваат промени во човековото тело, вклучувајќи и интензивно стареење на кожата.

Поради огромниот интерес за беспрекорен јапонски тен, Mission ги комбинира напредните научни технологии со моќта на природните состојки. Произведена во Јапонија со употреба на врвни квалитетни формули богати со активни состојки, Mission им нуди на корисниците шанса да ги откријат древните јапонски ритуали за да обезбедат ефективна, подмладувачка нега. Mission е составена од 2 линии, согласно возраста на корисникот.

Mission Y, е совршена линија за жени или мажи во нивните 30-ти години кои се соочуваат со првите знаци на стареење, како на пример фини, тенки линии, дехидрирана, уморна и испиена кожа.

Mission Eclat пак, претставува напредно решение за нега на кожа, за луѓе во нивните 40-ти години чии видливи знаци на стареење вклучуваат подлабоки експресивни линии на лицето, брчки, и губиток на младешкиот сјај, еластичност и густина на кожата.

Ритуалот од 4 чекори на Mission Y за возраст 35+ вклучува луксузна пена за чистење, хидрирачки лосион, концентрирано потхранувачки млеко и заштитен крем за лице, додека ритуалот Mission Eclat за зрела кожа 45+ е составен од 5 чекори, каде се се вклучени луксузна пена за чистење, хидрирачки лосион, богат серум, крем за околу очи и крем за лице. Ексклузивната маска на база на јаглеродна терапија е достапна за да ја подобри апсорпцијата на состојките кои се дел од останатите производи од колекцијата.

Повеќе информации за оваа луксузна јапонска колекција се достапни овде.

“Во меѓувреме, AVON отиде и до Јужна Кореја, домот на светски најбараната линија за нега на кожа, за да ги открие тајните на корејската “Chok Chok” блескава, сјајна кожа подготвена за на Инстаграм! Резултатот од оваа мисија е уникатно креирана колекција, составена од најжешките корејски топ препорачани производи, наречена K-Beauty: создадена да го поедностави режимот за нега за полесно да се вклопи во нашите секојдневно набиени бизнис рутини” – вели Стојкова.

Сите K-Beauty маски за лице, усни и очи се збогатени со автентични природни корејски екстракти како што е легендарната азиска центела (тигрова трева). Со векови употребувана во традиционална Кина и откриена кога повредените тигри биле видени како се прпелаат во неа за да ја излекуваат кожата, тигровата трева е неизбежна состојка на K-Beauty производите, идеална за смирување на кожата и ублажување на иритациите.

Останати жешки состојки на колекцијата го вклучуваат јаворовиот шеќер, кој е природен извод на алфа-хидрокси киселина (AHA), која помага во отстранувањето на мртвите епителни клетки и ја прави кожата мазна и сјајна како стакло glass; триото на “супер-храната” на кожата се печурките чага (златна), шитаке и мацутаке, кои обезбедуваат блескава, хидрирана кожа. Мимоза, корејско млеко, корејски лотус, прасков сок, манука мед и многу други корејски супер состојки ја комплетираат оваа иновативна колекција достапна ексклузивно во AVON.

По Далечниот Исток, AVON се упати во егзотичниот Бразил, од каде ни доаѓа премиум колекцијата за нега на тело која ги буди сите сетила – шармантната парфимирана колекција Encanto. Со рафинирани мириси, богата формула и состојки, Encanto ги засилува убавите чувства и ја буди самодовербата кај секоја жена. Encanto доаѓа во форма на две впечатливи колекции со свиленикава, луксузна и брзо впивлива формула која хидрира со негувачки масла до 48 часа.

“Целта на брендот е да ѝ понуди на жената можност да биде забележана и да се чувствува удобно во нејзината блескаво сјајна и парфимирана кожа, која ја нагласува нејзината посебен магнетска привлечност”, завршува Стојкова.

Мирисот на колекцијата Encanto Fascinating е креиран од страна на парфимеристката Онорин Бланк, од престижната парфимериска куќа Фирмених, која е позната како креатор на многу светски познати парфеми, додека линијата Irrisistible е дело на Марион Костеро. Секоја линија е составена од 5 производи: свиленкаст крем за раце, навлажнувачки лосион за тело, измазнувачко масло за бањање и тело, тоалетна вода и мирислив спреј за тело, кои се препорачува да се користат во комплет, за целосен ефект врз кожата и сетилата.

ENCANTO IRRESISTIBLE

Линијата Irresistible е базирана на топли овошни ноти инспирирани од неодоливата радост на женственоста: малина, свежа фрезија и сладок хелиотроп.

ENCANTO FASCINATING

Линијата Fascinating пак, носи во себе топли цветни ноти инспирирани од егзотичната и воодушевувачка убавина на реткиот цвет од красула, розов бибер и затоплувачки мошус.

Повеќе информации за Encanto се достапни овде.

Над 130 години Avon се залага за жените: преку понуда на иновативни, квалитетни производи за убавина кои примарно се продаваат на жените, преку жените. Милиони независни Претставници ширум светот ги продаваат врвните Avon брендови како Avon Color и ANEW преку социјалните мрежи, градејќи ги сопствените бизниси за убавина со целосно или скратено работно време.  Avon ја попддржува финансиската независност на жените, претприемаштвото и добросостојбата и донираше над 1 милијарда долари за женските каузи преку Avon и Avon Фондацијата. Повеќе информации за Avon и неговите производи на www.avonworldwide.com. #Stand4Her

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП