24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританскиот парламент гласаше за одложување на Брегзит

Британскиот парламент гласаше за одложување на Брегзит

Британскиот парламент го прифати предлогот на премиерката Тереза ​​Мај за одлагање на Брегзит. Оваа иницијатива беше поддржана од 412 пратеници, додека 202 беа против, пишува “BBC”.

По овакво гласање, Владата на Тереза ​​Меј ќе биде обврзана да побара одложување на Брегзит до 30 јуни, доколку следната недела британскиот парламент го одобри договорот на Британија и ЕУ за напуштање на Унијата.

Пратениците веќе двапати го отфрлија договорот помеѓу Меј и Брисел, првиот пат во јануари, и по втор пат оваа недела, а ако го направи тоа и по трет пат, владата наведе дека Велика Британија ја чека многу подолго одлагање на Брегзит.

Пратениците претходно ги отфрлија сите четири измени поврзани со одлагањето на Брегзит – за организирање нов референдум за напуштање на Велика Британија од ЕУ, можноста да се побара од ЕУ одлагање за излезот од Унијата, но не подоцна од 30 јуни, за можноста на пратениците на 20 март да гласаат за алтернативни опции за Брегзит, и давање време на пратениците да пронајдат нов пристап за Брегзит.

Да потсетиме, пратениците вчера ја отфрлија можноста за напуштање на ЕУ без договор, а пред два дена гласаа против договорот што премиерката Тереза Меј го постигна со ЕУ.

На референдумот за Брегзит во 2016 година, 52 отсто од Британците го поддржаа повлекувањето од ЕУ, додека 48 отсто гласаа за Велика Британија да остане во Унијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП