25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХотели - Метропол АД Охрид оствари позитивен финансиски резултат за 2018 година

Хотели – Метропол АД Охрид оствари позитивен финансиски резултат за 2018 година

Хотели – Метропол АД Охрид во 2018 година оствари позитивен финансиски резултат остварувајќи нето добивка од 30.498 илјади денари и истата е зголемена споредено со деловната 2017 година.

Приходи од работењето на Хотели – Метропол АД Охрид за 2018 година изнесуваат 197.306 илјади денари и истите гледано споредбено со 2017 година се зголемени. Од овој приход на основната дејност на фирмата отпаѓаат најголем дел, односно 195.823 илјади денари што покажува зголемување  за  21% во однос на 2017 година, исто така останатите приходи во износ од 1.483 илјади денари се зголемени во однос со истите од минатата година. Финансиските приходи се намалени во однос на 2017 година и изнесуваат 2.584 илјади денари.

Расходите од работењето во износ од 162.242 илјади денари, бележат зголемување од 21% во однос на расходите во 2017 година. Најголемо учество во вкупните расходи од 38,2% имаат трошоците за вработени во износ од 61.985 илјади денари, кои споредбено со 2017 година се зголемени за 15%. Трошоците за суровини и материјали во износ од 60.489 илјади денари се  значајна ставка во расходите со 37,28% учество во вкупните расходи и истите се за 23% зголемени во однос на 2017 година. Финансиските расходи бележат опаѓање во однос на истите од претходната година.

Во 2018 година не е извршена распределба на добивка за дивиденда.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП