9 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗScrooser - „скутер“ тежок само 28 килограми

Scrooser – „скутер“ тежок само 28 килограми

skuter

Германската компанија „Scrooser“ го претстави новиот модел кој има модерен и прилично екстравагантен изглед.

Моделот наречен „Scrooser“ има минималистички дизајн, сведен само на основата и со тоа целиот производ изгледа многу поедноставен.

Станува збор за електричен „скутер“, а дополнувањето на постоечката снага се врши со физичка сила која настанува кога со ногата ќе се допре тлото. Веднаш кога ќе се достигне брзина од 3 km/h или повеќе се испраќа електричен импулс и го придвижува.

Па така слободно можеме да кажеме дека „Scrooser“ тешко може да се окарактеризира како вистински „скутер“. Идеалната брзина му е околу 10 km/h, додека во „најекстремните“ ситуации може да достигне брзина и до 25 km/h.

Литиум-јонската батерија е сместена во просторот за нозете и може да е полни во обичен „штекер“ .

За неговата изработка е користен алуминиум кој овозможи „скутерот“ да има тежина од само 28 килограми.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП