3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДаночниците го „чешлаат“ Мурињо

Даночниците го „чешлаат“ Мурињо

Jose+Mourinho

Кај шпанските власти очигледно е во мода да се „чешлаат“ сметките на најпознатите луѓе во светот на фудбалот, а според тврдењата на некои медиуми, откако беше обвинет најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси под сомневање е и поранешниот тренер на Реал Мадрид, Жозе Мурињо.

Како што тврдат медиумите, португалскиот стратег веќе некое време е под истрага и најверојатно против него ќе биде покрената постапка за затајување на данок во периодот додека го водеше мадридскиот клуб од 2010-та до 2013-та година.

Новопечениот тренер на Челзи за време на неговиот престој на „Сантијаго Бернабеу“ годишно заработуваше помеѓу 10 и 12 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП