26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДенот кога Фејсбук падна и се пресели на Твитер

Денот кога Фејсбук падна и се пресели на Твитер

Бројни корисници од целиот свет вчера, за време на вечерните часови, не успеаа да се логираат на нивните профили на социјалните мрежи Фејсбук и Инстаграм.

Ситуацијата сега е многу подобра, иако не е совршена, бидејќи се уште има повремени грешки при вчитување.

Засега не е целосно објаснето што е причината за проблемот. Сепак, медиумите се сеќаваат дека слични ситуации во минатото покажаа дека големиот колапс на Facebook и Instagram е поврзан со работата на системот пред да пуштат нова голема промена.

Она што е сигурно е дека хакерите не се виновни. Ова беше прифатено и од самиот Фејсбук, кој мораше да се  “пресели” на друга социјална мрежа и да се огласи преку Твитер.

Секој пад на Фејсбук се чини дека доведува до паника кај корисниците и поставува прашање од  милион долари – дали има живот после Фејсбук?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП