19 април, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 14.03.2019

Дневен хороскоп 14.03.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Подготвени сте да ја менувате вашата деловна тактика со цел да остварите подобри резултати. Можно е да не сте и доволно посветени на саканата личност, таа ќе ви замери.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Пред вас се големи предизвици на деловен план. Ќе ви биде потребна упорност. Приредете и некое убаво изненадување на саканата личност.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Имате прилика да се опуштите и да уживате бидејќи не ве очекуваат претерано голем број на деловни обврски денес. И се додворувате на личност која сеуште не покажала дали сака да биде со вас.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Нема да имате причина за грижа кога станува збор за работата. Можете да се надевате во позитивна и стабилна ситуација на ова поле. Не ви е лесно да го дефинирате односот со една личност бидејки вашите емоции постојано се менуваат.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Некој најверојатно ќе ви даде лажни ветувања па не верувајте во се што ќе слушнете. Препорака е повеќе да се потпирате на самите себе си. Во љубовта можеби ќе запознаете некоја интересна личност која силно ќе ве привлече.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денешниот ден е многу поволен за работа. Ќе покажете дека вашата организација секогаш е на високо ниво. Отворено ги покажувате своите емоции бидејќи сакате партнерот да знае како се чувствувате.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Пред вас се поставени големи очекувања од страна на надредените. Покажете им дека вредите. Во љубовта сметате дека партнерот бара премногу од вас, не знаете дали можете да ги исполните сите негови желби.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Потпрете се на своите професионални способности. Лесно ќе ги решите спорните моменти. Во љубовта пред вас е можност да организирате страствена средба со лицето кое ви се допаѓа. Зафатените ќе уживаат во љубовта.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Вие сте многу упорни и истрајни, па не планирате да се откажете од своите цели. Слободните може да очекуваат некое познанство.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Ве очекуваат позитивни пресврти на деловен план. Можете да се надевате на позитивни случувања. Посветете му се на саканото лице и тоа ќе ви биде благодарно.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Многу сте вредни и подготвени сте максимално да и се посветите на работата. Планирате големи проекти. Вашата интуиција не греши. Кога станува збор за љубовта, слушајте се себе си.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Можно е да бидете уплашени од некои промени кои ќе дојдат во наредниов период. Не се грижете ништо лошо нема да се случи. Новата љубов ќе ви го надополни времето кое сте го загубиле во минатото.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП