Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,443.97 0.16%    GRNT 820.00 -0.76%    KMB 5,651.33 -0.38%    MPT 51,900.00 0.78%    MTUR 5,030.00 0%    REPL 76,000.00 0%    STB 1,179.00 -0.08%    TEL 300.28 -0.46%    TKVS 5,400.11 0.85%    UNI 2,303.56 0.14%    

Макпрогрес ја поддржа иницијативата за дополнителни 3 месеци скратено работно време за родителите што се враќаат од породилно отсуство

Време: 17:37

Датум: март 13, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

По примерот на компанијата Витаминка од Прилеп и нашата најголема прехранбена индустрија Макпрогрес Виница, денес на менаџерски состанок донесе одлука да се прифати иницијативата за дополнителни 3 месеци скратено работно време за родителите што се враќаат од породилно отсуство. Компанијата се надева дека кон оваа позитивна иницијатива ќе се приклучат и други компании во Македонија.

Со оваа одлука уште еднаш Макпрогрес покажува дека вработените се најголемата вредност за компанијата, и дека грижата за нив, нивната едукација и обезбедувањето на најдобри услови за работа се нешто што претставува императив во работењето. Дека вработените имаат можност за напредок, за градење кариера во нивното родно место, а притоа имаат бенефиции како во некои од најразвиените западно европски земји.

Станува збор за новина со која вработените кои користеле отсуство поради бременост, раѓање и родителство, во следните три месеци по завршување на редовните 9 месеци (или 15 месеци за две или повеќе деца одеднаш) ќе може да работат со скратено работно време (половина од полното работно време), а притоа ќе им се исплаќа целосен личен доход и ќе ги уживаат сите други привилегии како да работеле со полно работно време.

Макпрогрес вработува над 600 вработени и со тоа претставува најголем работодавач од прехранбената индустрија во источниот дел на Македонија. Со својот бренд Винчини е своевиден пионер – амбасадор на кондиторската индустрија, кој прв отворено се осмели да излезе на странските пазари и преку организиран и системски пристап да креира перцепција на македонската кондиторска индустрија како квалитетен и конкурентен играч во регионални и светски рамки. Во моментов производите се продаваат на пазарите во над 55 држави во светот.

Како иновативна компанија, постојано ги следи потребите на потрошувачите, создавајќи високо конкурентни брендови кои можат да се носат со останатите на конкурентните светски пазари. Винчини, Сончева Долина, Армониа, Натура, Фантазиа, Дониа се дел од брендовите кои влегуваат под капата на производствената индустрија Макпрогрес.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Макпетрол АД добитник на три признанија во рамките на 6-от Регионален самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа (РСП) „300 БЕСТ“

    Макпетрол АД добитник на три признанија во рамките на 6-от Регионален самит на претприемачи од Централна и Југоисточна Европа (РСП) „300 БЕСТ“

    Макпетрол АД како компанија, повеќе од 70 години вложува во својот развој и капацитети и притоа гради континуирана политика на општествена одговорна компанија, доби три…

  • На доручек во пекара Бакал. За поинакво гастрономско искуство!

    На доручек во пекара Бакал. За поинакво гастрономско искуство!

    Препознатлива на гастрономската мапа во Скопје, омилена за многу посетители, позната по своите инвентивни и специфични вкусови, пекарата Бакал, нуди солени и благи производи на…

  • Nokia е под истрага: Се сомничи дека праќала податоци на Кина

    Nokia е под истрага: Се сомничи дека праќала податоци на Кина

    Финските власти објавија дека отпочнале истрага против Nokia поради можниот неовластен пренос на личните податоци на корисниците во Кина. Мобилните телефони на Nokia се произведени…

  • Прекрасно е да си дома!

    Прекрасно е да си дома!

    Купувањето сопствен дом, а дотолку повеќе ако е прв, можеби е една од најголемите финансиски одлуки што некогаш ќе ги направите. Тоа може да биде…

  • Каролина Гочева како модна инспирација за MANGO жената

    Каролина Гочева како модна инспирација за MANGO жената

    Каролина Гочева станува дел од семејството на  MANGO Македонија за 2019-та година. Кампањата на шпанскиот бренд Mango за оваа сезона е наречена “New Voices” и…

  • Сега може да го посетите Саемот за Мебел од удобноста на вашиот дом или каде и да сте

    Сега може да го посетите Саемот за Мебел од удобноста на вашиот дом или каде и да сте

    Компанијата која е позната како двигател на е-трговијата во земјава и креатор на интересни онлајн маркетинг кампањи, Grouper.mk, го најавува Онлајн Саемот на Мебел кој…

  • Сирењата на Млекара Здравје Радово нудат најдобра вредност за дадените пари, сметаат потрошувачите во Македонија

    Сирењата на Млекара Здравје Радово нудат најдобра вредност за дадените пари, сметаат потрошувачите во Македонија

    Според мислењето на потрошувачите во Македонија, сирењата на Млекара Здравје Радово се едни од производите кои нудат најголема вредност за дадените пари, покажа истражувањето на…

  • ЕУ го казни „Google“ со 1,49 милијарди евра

    ЕУ го казни „Google“ со 1,49 милијарди евра

    Антимонополското регулаторно тело на ЕУ го казни „Гугл“ со 1,49 милијарди евра поради „злоупотреба на доминантната позиција во онлајн огласувањето“. „Гугл“ е казнет по жалбата…

  • Disney го презема FOX!

    Disney го презема FOX!

    По едногодишниот процес на преземање, конечно беше објавено дека Disney го презеmа FOX. Сега Симпсонови, Аватар, Дедпул и суперхероите на Х-Мен официјално се дел од…

  • „Градски паркинг“ лани заработил над 2,4 милиони евра

    „Градски паркинг“ лани заработил над 2,4 милиони евра

    Минатата година Јавното претпријатие „Градски паркинг“ заработило над 2,4 милиони евра или точно 147.115.268 денари, што е за 11.686.703 денари повеќе во однос на 2017…