25 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИталија: Невакцинираните деца не смеат во школо и градинка

Италија: Невакцинираните деца не смеат во школо и градинка

На италијанските ученици им е забрането да посетуваат часови додека не донесат потврда дека се вакцинирани, а спротивно нивните родители ќе бидат казнети со парична казна од 500 евра, објави BBC.

Ова се главните одредби на новиот закон, кој целосно се применува од 11-ти март.

Во согласност со новите правила, децата до шестгодишна возраст кои не се вакцинирани ќе бидат испишани од градинките, се вели во извештајот, пренесуваат тамошните медиуми.

На учениците од шест до 16 години нема да им биде забрането да одат на часови, но родителите ќе бидат казнети ако не обезбедат доказ дека децата ги добиле сите задолжителни вакцини.

Крајниот рок за потврда на вакцинацијата беше 10 март, но поради викендот беше продолжен до понеделник.

“Сите имаа време да ја исполнат обврската”, рече министерот за здравство Џулија Грило, посочувајќи дека правилото е едноставно: “Нема вакцина, нема училиште”.

Во согласност со законот “Лорензин”, именуван по поранешниот министер за здравство кој тој го предложил, децата пред да одат на училиште мора да имаат примено задолжителни вакцини.

Ова се однесува на вакцина против детска парализата, сипаници, заушките и рубеолата. Законот беше донесен поради брзото зголемување на бројот на мали сипаници.

Стапката на вакцинација во Италија, како и во повеќето европски земји, драстично се намали. Таа изнесува помалку од 80 проценти, а според препораката на Светската здравствена организација, таа мора да изнесува 95 отсто за да се спречи ширењето на инфекции.

Ако доволно луѓе се вакцинираат против одредена заразна болест, тоа ќе ги заштити и луѓето кои не биле вакцинирани, или ќе се оневозможи вирусот брзо да се пренесе. Ако голем процент од луѓето се вакцинирани во една заедница, инфекцијата многу брзо ќе биде спречена бидејќи вирусот нема лесно да дојде до невакцинираните.

Ова е важно за да се заштитат и оние кои не смеат да бидат вакцинирани, односно се алергични или хронично болни.

Пред да стапи на сила одлуката, земјата одржа повеќемесечна дебата за задолжителна вакцинација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП