5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНЕВЕРОЈАТЕН УСПЕХ: До крајот на годината кинезите ќе направат вештачко сонце

НЕВЕРОЈАТЕН УСПЕХ: До крајот на годината кинезите ќе направат вештачко сонце

Кинеските научници објавија дека до крајот на оваа година ќе ја завршат изградбата на вештачкото Сонце.

Експерименталниот фузиски реактор, односно вештачкото Сонце, кое имитира процес на нуклеарно фузија, направи пресвртница во експериментите од овој вид кога достигна температура од 100 милиони Целзиусови степени.

Сега кинеските научници објавија дека ќе ја завршат изградбата на реакторот “HL-2M tokamak” до крајот на годината, вели магазинот “Science Alert”.

Плазмата на вештачкото Сонце главно се состои од електрони и јони, кои ќе служат како вовед за идните фузиски реактори, со што Кина ќе се доближи до остварување на сонот за чиста енергија.

Ова е продолжение на неверојатниот научен успех на Кина, која неодамна ја испрати сондата Change 4 на темната страна на Месечината.

Кинезите беа први што направија “ГМО бебе”, а сега најавија лансирање на вештачко Сонце.

Најавена е и вештачка месечина, односно сателит за осветлување, што ќе му служи на градот Ченгду наместо улично осветлување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП