Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,096.52 0.13%    GRNT 870.00 0.16%    KKGO 6,150.00 0%    KMB 5,359.17 0.22%    MKSD 216.00 2.86%    MPOL 350.00 0%    MPT 61,500.41 -0.1%    NEME 1,250.00 0%    RMDEN17 98.70 0%    RMDEN18 98.64 -0.05%    SBT 2,253.00 -0.01%    SPAZ 18,525.00 0%    STB 1,100.00 0.53%    TEL 290.00 0%    TNB 15,949.95 0%    TTK 1,314.43 0.91%    

Вип ја одржа втората годишна конференција „Women in Digital“

Време: 16:05

Датум: март 12, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

Еволуцијата на менталниот склоп е клучна за дигитализацијата во бизнисот и општеството

Во организација на телекомуникациската компанија Вип, денеска се одржа втората годишна конференција „Жената во дигиталната ера“ („Women in Digital vol.2“).

Под темата „Дигитална трансформација: Техничка револуција или еволуција на менталниот склоп“ (“Digital transformation: Technical revolution or mindset evolution“), успешни и влијателни претставнички од различни општествени сегменти имаа можност одблиску да ги чујат мислењата на врвни експерти и познавачи од областа за едно од круцијалните прашања во процесот на дигиталната трансформација – неопходната еволуција на менталниот склоп на оние кои се дел од неа.

“Ми претставува особено задоволство што и оваа година конференцијата ‘Жените во дигиталната ераго привлече вниманието на јавноста. Денес дискутираме за едно многу важно прашање за успешноста на целокупниот процес на дигитализацијата, а тоа е човечкиот фактор и неговата способност за промена и еволуција на менталниот склоп кон дигиталното време во кое живееме. Вип посветено и континуирано работи на воведување на нови информатичко-комуникациски технологии и нови начини на работење со кои на корисниците ќе им обезбеди супериорно корисничко искуство, поедноставни, побрзи и персонализирани решенија кои одговараат на нивните потреби. Како дел од А1 Групацијата, уверени сме дека го имаме неопходното знаење и капацитет да создаваме дигитални решенија достапни за сите, а кои ќе овозможат непречен влез во дигиталната ера за сите наши корисници“ –  истакна во своето воведно обраќање извршниот директор на Вип, Мислав Галер.

Да се биде дел од дигиталниот свет, неопходна е средина која обезбедува можности за понатамошен развој, ресурси и технички можности за дигиталното општество континуирано да расте и напредува. Во оваа насока, на настанот се обрати и Министерот за Информатичко општество и администрација во Владата на Република Северна Македонија, Дамјан Манчевски кој истакна:

Обезбедувањето на соодветната инфраструктура, зголемувањето на капацитетите за развој на технолошки напредни решенија и дигитализација на процесите се само дел од заложбите на Владата во насока на понатамошен развој на дигиталното општество. Наш главен приоритет во иднина останува развојот и промоцијата на информатичкото општество, а во тој контекст е и Подготовка на Национален оперативен план за развој на брзи и супер брзи електронски комуникациски мрежи во Република Македонија, со чијашто реализација се надеваме дека за 10 години од сега, ќе бидеме предводник во регионот.

Освен постоењето на соодветната инфраструктура и технологијата како особено значајни параметри во процесот на дигиталната трансформација,  на другата страна на равенството се наоѓа и човечкиот фактор и начинот на кој луѓето им пристапуваат на бизнис предизвиците и како тие доаѓаат до соодветните решенија.

„Целосна посветеност кон исполнување на носечката порака на нашиот бренд – го обликуваме искуството кое ВИЕ сакате да го живеете, како и ставање на корисничките потреби во центарот на вниманието во целокупното деловно работење, е тоа што ја прави А1 Телеком Австрија Групацијата една од водечките конвергентни оператори во ЦИЕ и двигател на дигиталната трансформација. Корисниците сè повеќе се дигитализираат, па ако сакаме да бидеме поблиску до нив, неопходно е да се трансформираме. Постојано мораме да ги прошируваме нашите технички способности и да бидеме иновативни, но што е најважно, мораме да го подготвиме нашиот тим за дигиталната ера. Токму тоа е нашата формула за успешна дигитална трансформација.“, истакна Ева Зетнер, Директорка на човечки ресурси на A1 групацијата.

Во рамки на конференцијата се одржа и панел-дискусија на која своите ставови на темата ги изложија истакнати успешни жени од бизнисот и академската заедница. На ова тема говореа: Проф. Др. Ана Мадевска Богданова, редовен професор на ФИНКИ, УКИМ; Нина Ангеловска, Претседател на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија и Извршен директор и ко-основач на Групер; Љупка Ѓоргиевска, Директорка на Сектор за развој на понуда и маркетинг во НЛБ Банка АД Скопје и Христина Џамбазовска Анастасов, Директорка на сектор за управување со деловни операции во Кроација Осигурување Живот

Во контекст на темата и развојот на технологијата на иднината, беше организирана и презентација на проектите од областа на напредни дигитални технологии подготвени од страна на студентите и академскиот кадар на ФИНКИ, каде присутните имаа можност одблиску да се запознаат со решенијата развиени од страна на младите умови.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Германска онлајн банка N26 ја зголеми вредноста на 3,5 милијарди долари

    Германска онлајн банка N26 ја зголеми вредноста на 3,5 милијарди долари

    N26, германска онлајн банка, ја зголеми вредноста на уште 170 милиони долари од постојните инвеститори, со што се зголеми вредноста на 3,5 милијарди долари –…

  • Vip го отвори реновираниот продажен салон во Штип

    Vip го отвори реновираниот продажен салон во Штип

    Уреден по најнови светски трендови и највисоки стандарди кои се во согласност со А1 Телеком Групацијата, Vip официјално го отвори реновираниот продажен салон во Штип…

  • ЕУ го казни Qualcomm поради предаторски цени

    ЕУ го казни Qualcomm поради предаторски цени

    Европската комисија објави дека го казнува американскиот производител на чипови Qualcomm со 242 милиони евра, односно 1,27 проценти од прометот на компанијата во 2018 година. ЕК…

  • Познатата модна куќа подготвува пресврт: Нема повеќе трендовска облека, ќе прави облека која трае

    Познатата модна куќа подготвува пресврт: Нема повеќе трендовска облека, ќе прави облека која трае

    Шпанскиот бренд Zara зад којa стои еден од најбогатите луѓе во светот, милијардерот Амансио Ортега, подготвува пресврт кој би требало да го направи одржлив. Како…

  • ВИП со раст на профитот од 9,4 отсто

    ВИП со раст на профитот од 9,4 отсто

    А1 Телеком Австрија соопшти дека нејзиниот македонски огранок оне.Вип во првата половина од 2019 година остварил профит пред исплата на камати, даноци и амортизација (ЕБИТДА)…

  • KFC го отвори својот прв „Drive Thru“ ресторан во Македонија

    KFC го отвори својот прв „Drive Thru“ ресторан во Македонија

    Еден од најголемите ланци на ресторани, KFC, на 18.07.2019 (четврток) во рамките на свеченото отвoрање на POINT Retail Park во Скопје го отвори својот прв…

  • Nestle прави ново црно чоколадо кое ќе донесе револуција во прехранбената индустрија

    Nestle прави ново црно чоколадо кое ќе донесе револуција во прехранбената индустрија

    Компанијата Nestle пронајде начин да направи чоколадо без додавање на шекер, потпирајќи се единствено на остатоците од билката какао за да го заслади темното чоколадо,…

  • Amazon под лупа на ЕК: Соработуваат во антимонополски истраги

    Amazon под лупа на ЕК: Соработуваат во антимонополски истраги

    Компанијата Amazon тврди дека “во целост” ќе соработува со Европската комисија, која започна анти-монополска истрага за работењето на гигантот за електронска трговија. Во соопштението Amazon додава дека…

  • Vodafone ја започна првата 5G мрежа во Германија

    Vodafone ја започна првата 5G мрежа во Германија

    Телекомуникацискиот оператор Vodafone ја започна во вторникот првата комерцијална 5G мобилна мрежа во Германија. Мрежата има 25 предаватели во Дизелдорф, Келн, Дортмунд и некои други градови,…

  • IKEA затвара фабрика во САД поради превисоки трошоци

    IKEA затвара фабрика во САД поради превисоки трошоци

    Шведскиот синџир продавници за мебел IKEA планира до крајот на годината да ја затвори единствената фабрика во САД, укинувајќи така 300 работни места, бидејќи е…