Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,117.59 -0.18%    BESK 9,682.00 3%    CBNGA31 3,145.00 0%    GRNT 919.51 0.49%    KMB 5,473.29 0.17%    MPOL 377.00 -3.33%    MPT 63,165.11 0.43%    OKTA 4,802.00 -3.96%    RMDEN16 98.50 0.01%    RZLV 82.00 0%    STB 1,060.19 4.73%    STIL 119.38 -0.71%    TNB 17,109.09 0.64%    UNI 2,288.40 1.16%    ZILU 245.00 -2.51%    

Рекордна претпродажба на уредите од серијата Самсунг Галакси С10

Време: 12:22

Датум: март 12, 2019

Категорија: НАЈНОВИ ВЕСТИ

Уредите од серијата Самсунг Галакси С10 во периодот на претпродажба, во рамки на Адриатик регионот, остварија повеќе од 40% подобар резултат споредено со Галакси С9

Продажбата на најновите уреди на компанијата Самсунг – Галакси С10е (Galaxy S10e), С10 (S10) и С10+ (S10+), официјално започна во повеќе од 70 држави ширум светот, вклучувајќи ги САД, Канада, Индија, Кина и цела Европа. До крајот на овој месец, уредите ќе бидат достапни во рамки на речиси 130 пазари. Во периодот на претпродажба се забележани зголемен интерес и продажба на уредите во однос на други паметни Самсунг уреди достапни во Европа, за краток временски период.

Галакси С10 уредите, во периодот на претпродажба во нашиот регион остварија повеќе од 40% подобар резултат во однос на Галакси С9. Во Европа, повеќе од половина од количината  Самсунг Галакси С10+ уреди наменети за претпродажба беше распродадена, алудирајќи на новиот тренд помеѓу потрошувачите кој бележи зголемен интерес за телефони со високи перформанси. Како најпопуларната боја која корисниците ја одбираат е “Призма Црна“, односно половина од вкупно продадените С10 уреди се во оваа боја.

Во Македонија препорачаните продажни цени за овие мобилни уреди се движат од 54.999 денари за Галакси С10 (128GB) односно 69.999 денари за Галакси С10 (512GB) , 60.999 денари за Галакси С10+ (128GB), 75.999 денари за Галакси С10+ (512GB), 97.999 денари за Галакси С10+ (1TB) и 44.999 денари за Галакси С10е. Уредите може да се набават кај овластените продажни партнери на Самсунг и операторите. Уредите Галакси С10, Галакси С10+ и Галакси С10е се достапни во неколку бои: “Призма Црна“, “Призма Бела“, “Призма Сина“, “Интензивно Жолта“, додека Галакси С10+ е достапен во два сосем нови, премиум модели: “Порцеланско Црна“ и “Порцеланско Бела“. Како резултат на големиот интерес и побарувачка, уредите во одредени бои и со одреден простор за меморија ќе бидат достапни за потрошувачите со мало закаснување.

Секој од новите Самсунг Галакси С10 уреди носи револуционерни иновации во областа на екранот, камерата и интелигентните перформанси. Уредите од Галакси С10 серијата пристигнуваат со првиот динамички АМОЛЕД екран, со “HDR10+“ сертификат кој создава живописни и интензивни бои и извонреден контрастен сооднос за уште подлабоки темни и уште посветли светли нијанси. Во екранот се наоѓа и првиот ултразвучен скенер за отпечатоци на прстот кој ги вчитува тридимензионалните контури на палецот. Како дел од единствениот “Infinity-O“ екран се наоѓаат и низа сензори и технологија за камера, овозможувајќи му на корисникот максимална површина на екранот, од едниот до другиот крај.

За прв пат во Самсунг Галакси С серијата, камерата пристигнува со ултраширок објектив, што создава можност за фотографирање во видно поле од 123 степени. Покрај ултрашироката, Галакси С10 серијата на уреди има и телефото и широкоаголна камера. Галакси С10+ има три задни и две предни камери, Галакси С10 има три задни и една предна камера, а Галакси С10е пристигнува со две задни и една предна камера. Двојниот објектив, поставен на задната широкоаголна камера, е направен за да го прилагодува и оптимизира осветлувањето на поддржаните режими за фотографирање – “F1,5“ и “F2,4“.  И предната и задната камера може да снимаат до “UHD“ квалитет, а за прв пат во оваа индустрија, задната камера овозможува снимање со “HDR10+“ квалитет.

Новиот софтвер за Вештачка Интелигенција автоматски ги оптимизира батеријата, РАМ меморијата па дури и температурата на уредот според тоа како се користи телефонот. Со функцијата Безжично споделување на енергија (Wireless PowerShare) се овозможува лесно полнење на паметни телефони кои имаат “Qi“ сертификат, како и на компатибилни уреди за носење. Воедно, уредот може да се полни и сам, но и да полни други уреди додека е поставен на обичен полнач. Галакси С10 има и интелигентен “Wi – Fi“, а го поддржува и новиот “Wi – Fi 6“ стандард, брзо безжично полнење 2.0 со чија помош Галакси С10 полни 29% побрзо од Ноут9 (Note9) и 33% побрзо споредено со С9 уредите. Исто така, уредите од оваа серија пристигнуваат и со низа други карактеристики како функцијата Бигзби (Bixby), која ги автоматизира навиките на корисникот и обезбедува персонализирани препораки, отпорноста на вода и прашина во согласност со стандардот “IP68“, функцијата Самсунг Здравје (Samsung Health) како и Самсунг Декс (Samsung DeX).

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • МЗШВ: Се укинува забраната за увоз на коскесто овошје од државава во Руската федерација

    МЗШВ: Се укинува забраната за увоз на коскесто овошје од државава во Руската федерација

    Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската федерација од понеделник целосно ја укинува забраната за увоз на коскесто овошје. Конкретно, од понеделник од…

  • Првата ”жртва” на Huawei: Новиот телефон нема да биде можно да се купи

    Првата ”жртва” на Huawei: Новиот телефон нема да биде можно да се купи

    Судбината на паметниот телефон Honor 20 Pro, кој во вторникот се најави од Honor Huawei, а кој е еден од првиот изборза купувачите со плитки…

  • Трамп за секунда остана без милијарди долари

    Трамп за секунда остана без милијарди долари

    Судот и нареди на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да престане со користење на парите од фондот на Министерството за одбрана за изградба на…

  • Меси ја освои шестата „златна копачка“

    Меси ја освои шестата „златна копачка“

    Аргентинецот Лионел Меси, ја освои својата шеста „златна копачка“ во кариерата. Меси до оваа награда дојде по успешната игра оваа сезона во Ла лигата, каде…

  • Макрон смета дека Нотр Дам можно е да се обнови за пет години, експертите скептични

    Макрон смета дека Нотр Дам можно е да се обнови за пет години, експертите скептични

    Францускиот претседател Емануел Макрон изјавил дека петтгодишниот рок за обнова на катедралата Нотр Дам, која беше значително оштетена во големиот пожар на 15 април, возможен…

  • Челзи бара 130 милиони фунти за Азар

    Челзи бара 130 милиони фунти за Азар

    Преговорите за трансферот на Еден Азар кај „кралевите“ нема да помине толку лесно, откако Челзи објави дека за услугите на Белгиецот бара 130 милиони фунти,…

  • 3 причини зошто семките од тиква се одлична ужина

    3 причини зошто семките од тиква се одлична ужина

    Семките од тиква се суперхрана, бидејќи се богати со протеини, растителни влакна, минерали и витамини. Ако помеѓу оброците како ужина изедете 30 грама семки од…

  • Мислите дека кафеавиот шекер е подобар од белиот?

    Мислите дека кафеавиот шекер е подобар од белиот?

    Склони сме на верувањата дека кафеавата храна е поздрава од бела, на пример кога станува збор за шекер или ориз. Зошто е тоа така? Кафеавиот…

  • Сирова диета: Обновете ја енергијата и изгубете од 3 до 7 килограми

    Сирова диета: Обновете ја енергијата и изгубете од 3 до 7 килограми

    Дали сте кратки со време, а сакате да се ослободите од неколку вишок килограми? За да го направите ова брзо и здраво пробајте диета со…

  • Сончево со мала до умерена облачност и топло

    Сончево со мала до умерена облачност и топло

      Времето во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност и топло. Ќе дува слаб до умерен западен ветер, особено изразен во западните…