5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОКоја е компанијата која го „облекува“ Ноле

Која е компанијата која го „облекува“ Ноле

Tennis player Djokovic, Chairman and CEO of Fast Retailing Co Yanai and Uniqlo Design Director Takizawa attend the presentation of Djokovic's new sponsorship deal with Uniqlo in Paris

Во средината на минатата година најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ потпиша петгодишен договор со производителот на опрема „Uniqlo“. Кога се во прашање спонзорите на спортистите сите се навикнати на традиционалните брендови како што се Најк, Адидас и слични, па поради тоа сите се прашуваа од каде оваа соработка?

Желбата на јапонскиот производител да стане светски препознатлива марка, па поради тоа од „Uniqlo“ одлучија тоа да го сторат во вид на реклама, облекувајќи го најдобриот тенисер на светот во моментов.

А како една мала компанија стигна да соработува со „скапиот“ Ѓоковиќ? Еве една мала приказна за нив.

Првата продавница на оваа компанија беше отворена во Хирошима во 1984-та година, а името настана од оргиналниот назив „Unique Clothing Warehouse“ кој беше скратен во „Uniqlo“. Компанијата имаше огромен подем во почетокот на деведесетите години од минатиот век, кога економската криза ја погоди Јапонија, а „Uniqlo“ стекна голема популарност со продажбата на евтина облека.

Веќе во 1994-та година „Uniqlo“ имаше преку 100 продавници во Јапонија, а поголемиот дел од нив беа во предградијата на големите градови. Новиот раст на популарноста се случи четири години подоцна кога компанијата лансираше линија на волнена облека, па по претставувањето на модната линија за жени се фокусираа на големите продавници.

Во тој период компанијата доживеа неколку подеми и падови, како на пример обидот да се прошират во странство при што отворија премногу продавници поради кои имаа големи проблеми. Пример во Велика Британија „Uniqlo“ во 2002-та година имаа 21 продавница, а четири години подоцна имаа само осум.

Со текот на времето тие отворија 800 продавници во целиот свет, а некои од нив се наоѓаат на најдобрите локации во Њујорк, Лондон и Париз.

Кон крајот на 2012-та година според податоците кои ги објави Форбс, „Uniqlo“ е четвртиот најголем малопродажен ланец во светот, веднаш зад „Gap“, „H&M“ и „Zarа“, а целта на компанијата е да бидат најголем ланец. Истиот медиум ги најави плановите на компанијата да отворат 1000 продавници во САД, иако тие во моментов имаат само седум.

Блумберг во 2011-та година процени дека компанијата вреди 14 милијарди долари, но сепак нивниот амбициозен план е нивната вредност да достигне 65 милијарди долари. Кризата во целиот свет немаше никакво влијание врз компанијата, затоа што тие го зголемиле профитот за дури 17 проценти, а во последните шест месеци за уште 13 проценти.

Околу 70 проценти од нивната облека се прави во Кина, а како нивна главна одлика е тоа што понекогаш еден артикл го имаат во 50 различни бои.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП