Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,778.34 0.9%    FERS 77,100.00 0.13%    KMB 5,203.86 0.07%    MPT 62,171.24 0.99%    OKTA 4,660.00 -2.92%    SKP 54,000.00 -17.8%    STB 1,012.59 0.06%    STIL 106.00 0%    

8-ми Март: жените и мажите се уште не се еднакви во бизнисот и економијата

Време: 13:46

Датум: март 8, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Работат повеќе а заработуваат помалку – жените се уште не се еднакви со мажите во бизнисот и економијата. Иако повеќе жени се запишуваат и завршуваат факултет на крајот мажите се оние кои ги добиваат подобрите и поплатените позиции. Ова го потврдуваат и официјалните статистички податоци.

39.5% од вработените се жени

Од 771.806 вработени во Македонија 39.5% се жени, а 60.5% се мажи. Според податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) во работен однос се 304.723 жени, а 467.083 се мажи. Од невработените 115.717 се мажи, а 70.086 се жени.

Податоците покажуваат дека жените се многу помалку активни на пазарот на труд од мажите – неактивното население брои 725.539 луѓе, од нив 259.642 (35.8%) се мажи а дури 465.898 (64.2%) се мажи.

Жените заработуваат помалку

Најновата публикација на Државната статистика „Жените и мажите во Северна Македонија“ покажува дека жените заработуваат значително помалку од мажите.

Само 1% од вработените жени и 2.1% од вработените мажи имаат плата над 40 илјади денари. 2.0% од жените и 2.9% од мажите земаат меѓу 30 и 40 илјади. 3.9% од жените и 5.2% од мажите се меѓу 25 и 30 илјади. Како се оди надолу во стапката на приходи така се зголемува учеството на жените. Така 16.5% од вработените жени и 13.0% од мажите земаат меѓу 10 и 12 илјади денари. Овие податоци се однесуваат на 2017-та година.

И оние кои се бават со оваа проблематика велат дека има големи отстапувања.

„Од економски аспект, жените се уште не се еднакви со мажите во Македонија. Имаат помала активност на пазарот на труд, имаат повисока невработеност и во просек заработуваат помалку“, велат во „Finance think“.

Според истражувањето на Институтот за економски истражувања и политики „Finance think“ во Македонија жените во просек заработуваат 12.5% помалку од мажите.

Повеќе жени се запишуваат на факултет

Бројот на жени кои се запишуваат и завршуваат факултет е значително поголем од бројот на мажи. Според податоците во најновата публикација на Државниот завод за статистика во академската 2017/2018 30.713 од новозапишаните студенти биле жени, 23.729 биле мажи.

И кај постдипломските студии има повеќе запишани жени (1.194) од мажи (985).

Во 2017-та докторирале 112 жени и 70 мажи.

Сепак, поголем број од професорите се мажи а помал се жени. На македонските факултети предаваат 660 редовни професори и 440 редовни професорки, како и 434 вонредни професори и 322 вонредни професорки.

Во основното и средното образование нема голема разлика меѓу половите.

„Во средното образование поголема е заинтересираноста на ученичките за гимназиско образование, додека кај учениците за стручно образование“ се наведува во анализата.

Целата економија губи поради нееднаквоста

Поради нееднаквоста меѓу мажите и жените трпи целата економија. Регионалниот совет за соработка (РСС) проценил дека економиите од Западен Балкан во просек изгубиле 18% од Бруто домашниот производ поради родовиот јаз на пазарот на трудот.

„Ние треба жените да ги снабдиме со вештини и искуство за управувања и за водење на бизнисот и во технички и оперативни улоги. Ние треба да размислиме за преобука на постојните вработени за да се осигураме дека имаме работна сила ориентирана кон иднината“ вели генералната секретарка на РСС, Мајлинда Брегу. „Ние треба да се фокусираме на финансиското образование, вклучително и обуките за идентификување на вистинските финансиски производи и услуги, да им помогнеме на жените сопственички да можат да ги користат неопходните финансиски средства, да им помагаат на другите да го промовираат својот бизниси“ објаснува таа.

Експертите на Светската Банка пак неодамна пресметаа дека поради родовата нееднаквост и малото учество на жените на пазарот на труд се прават загуби од околу 15 проценти во Бруто домашниот производ.

Родова нееднаквост и во Европската Унија

Анализите на Евростат покажуваат дека на ниво на Европската Унија (ЕУ) жените во просек добиваат околу 20% пониски плати од мажите. Разлика има во сите земји членки. Најмали разлики од 5.5% има во Луксембург и Италија, а најголеми од 27% во Естонија, како и од 22% во Чешка, Австрија и Германија.

Податоците на Евростат покажуваат дека за секое 1 евро што ќе го заработат мажите, нивните колешки за истата работа добиваат по 84 евро центи.

Жените работат и дома

Според „Реактор истражување во акција“ жените трошат 18 пати повеќе време на миење садови од мажите, 9 пати повеќе време на готвење, 12 пати повеќе време на чистење и 5 пати повеќе време на грижа за децата.

Државниот завод за статистика, пак, пресметал дека жените во Македонија просечно дневно поминуваат  по 1 час и 50 минути на гледање телевизија. Во урбаните средини на забава и култура поминуваат просечно дневно по 2 часа и 16 минути, што е двојно повеќе од жените во руралните средини, односно 1 час и 13 минути.

Како се слави 8-ми Март низ светот?

Идејата за одбележување на посебен ден посветен на жените потекнува од почетокот на 20-от век, а на неа посебно инсистираше социјалистичкото движење.

Првиот Ден на жената е одбележан на 28 февруари 1909 година во САД по иницијатива на Социјалистичката партија на Америка. Во 1910 г. под закрила на Втората интернационала во Копенхаген е одржана Првата меѓународна конференција на жените и на неа е одлучено да се прославува Меѓународен ден на жената, но без да биде утврден точен датум. Следната година, на 19 март 1911, овој празник по прв пат е прославен од страна на повеќе од милион луѓе во Австрија, Данска, Германија и Швајцарија. На 8-ми март 1913 година жените ширум Европа одржуваат мировни собири.

Дури на 28 ноември 1978 од Обединетите нации е предложено 8-ми Март да се слави како интернационален Ден на жената, како ден на достигнувањата на жените, без разлика на националноста, етничките, јазичните, културните, економските и политичките разлики.

Денес, 8 март е државен празник само во малку земји како Русија, Белорусија, Молдавија, Украина, Ерменија, Монголија, Узбекистан, Виетнам, Кина. A Република Македонија е една од ретките земји во кои се празнува Меѓународниот ден на жената, иако овој празник има само симболичен статус и нема политички конотации.

Во Македонија родовата еднаквост е гарантирана со Уставот. Постојат и Закон за еднакви можности меѓу мажите и жените, Стратегија за родова еднаквост, Закон за спречување дискриминација.

К. Н.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Две европски држави ќе профитираат од трговската војна

    Две европски држави ќе профитираат од трговската војна

    Франција и Германија се едни од ретките европски земји кои би можеле да профитираат од ескалацијата на трговската војна помеѓу САД и Кина, предупредуваат економистите…

  • 10 најстабилни и 10 најнестабилни држави во светот

    10 најстабилни и 10 најнестабилни држави во светот

    Во поглед на стабилноста, не се сите држави создадени подеднакво. Некои се богати, некои се сиромашни. Фондот за мир, невладина организација со седиште во САД,…

  • Лондон планира да постави 50.000 полначи за е-возила до 2025 година

    Лондон планира да постави 50.000 полначи за е-возила до 2025 година

    Градоначалникот на Лондон, Садик Кан, го претстави ажурираниот план за реализација на инфраструктурата за електрични возила, кој има за цел до 2025 година да инсталира…

  • Гимназија или стручно – кое образование нуди подобра плата и посигурна работа?

    Гимназија или стручно – кое образование нуди подобра плата и посигурна работа?

    Заврши првиот уписен рок во средните училишта – полуматурантите и оваа година во најголем дел се одлучија за гимназија а во многу помал дел за…

  • Стартува повратот на ДДВ за граѓаните

    Стартува повратот на ДДВ за граѓаните

    Од 1 јули годинава граѓаните ќе бидат „инспектори“ кои ќе и помагаат на Управата за јавни приходи (УЈП) во борбата против даночната евазија преку мотивацијата…

  • ИНФОГРАФИК: Погледнете како изгледа светскиот тек на парите

    ИНФОГРАФИК: Погледнете како изгледа светскиот тек на парите

    Секоја година работниците мигранти кои живеат во други земји испраќаат пари во нивните матични земји. Протокот на пари кој е заработен во една земја и…

  • Две милијарди евра ќе бидат потребни за развој на патната инфратруктура до 2030

    Две милијарди евра ќе бидат потребни за развој на патната инфратруктура до 2030

    Патиштата се крајно важни за интеграцијата на Северна Македонија на регионалниот и европскиот пазар. Не станува збор само за цена, туку и за квалитет. Сите…

  • Во што сè повеќе вложуваат богатите американски семејства

    Во што сè повеќе вложуваат богатите американски семејства

    Шумите и зелените површини стануваат се попривлечна инвестиција за богатите американски семејства. Тој тренд зема толкав замав што Bank of America, мултинационална инвестициска банка, основала…

  • Би-би-си првпат сними кинески камп за трансформација на мисли(видео)

    Би-би-си првпат сними кинески камп за трансформација на мисли(видео)

    Би-би-си неодамна ја сними својата прва репортажа од внатрешноста на големиот комплекс на кампови со висока безбедност, во кои, наводно, живеат повеќе од еден милион…

  • ИКТ Комора: Дигитализацијата веќе не е опција, туку потреба за компаниите

    ИКТ Комора: Дигитализацијата веќе не е опција, туку потреба за компаниите

    Дигитализацијата е неопходна за брз економски раст и напредок на секоја компанија, просецот подразбира употреба на дигитална технологија за промена на бизнис моделите. Дигиталната трансформација…