Данска е најдобрата европска земја за водење на бизнис, а Украина е сеуште на последно место на листата на 46 вкупно оценети земји. Македонија се пресели на 31-та позиција, според новиот годишен извештај на Европската комора.
Како што е наведено во објавата од EUCham, “Best European Countries for Business 2019”, објавен на официјалниот веб-сајт на ова здружение, нордиските земји водат на листата на европски земји каде што е најдобро да се води бизнис. Веднаш зад Данска следат Норвешка (2), Шведска (3) и Финска (4), додека петтото место го држи Велика Британија.
Земјата, која е најнапредна во однос на претходниот извештај беше Турција, чиј резултат се подобри за 3,10 поени, благодарение на кои се придвижи за четири места на 34-то место, додека Грција забележа најголем пад во рејтингот (-1,47 поени) и падна од 34-то на 36-то место.
Македонија оваа година се пресели од 33-то на 31-во место, а за едно место се спушти и Словенија во споредба со 2018 година, и сега се наоѓа на 22-ро место.
Србија доби 0.82 поени помалку отколку во 2018 година, така што таа беше префрлена од минатогодишното 36 место на 37-то место оваа година, додека Хрватска остана на 29-то место.
Најголем пад на ранг-листа на држави во регионот бележи Црна Гора, која минатата година беше 30-та, а сега е на 33-то место, додека Босна и Херцеговина е рангирана на претпоследно место (45), што е за едно место помалку од минатата година.
Истражувањето се базира на две глобално признати рангирања – Doing Busines извештајот на Светска банка и Индексот за перцепција на корупцијата (CPI) на Transparency International.