Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.02.-28.02.2019 година вкупниот промет изнесувал 299.566.014 денари и е намален во однос на јануари 2019 за 38,78 отсто.
Класичното тргување изнесува 272.811.020 денари и е зголемено во однос на јануари за 5,96 отсто.
Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 256.552.280 денари и обврзници во вредност од 16.258.740 денари.
Блок трансакциите во февруари изнесувале 26.754.994 денари и се намалени за 86,75 отсто во однос на јануари.
Бројот на трансакции во февруари изнесувал 1.552.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за вториот месец од годината беа на Комерцијална банка, следи Алкалоид АД Скопје, а Макошпед АД Скопје го зазема третото место.
Месечниот статистички билтен за февруари 2019 година можете да го погледнете тука.