Надворешно трговскиот дефицит на САД скокна за 19 отсто во декември, со што се направи дисбаланс од 621 милијарди долари за целата 2018 година, што е на највисоко ниво во една деценија.
Јазот помеѓу она што Американците го продаваат во странство и она што го купуваат од други земји се зголеми на 59,8 милијарди долари во декември, од 50,3 милијарди долари во ноември, пренесува Министерството за трговија на САД
Трговската нерамнотежа се влошила во декември, бидејќи увозот во САД се зголемил за 2,1 отсто, додека извозот во другите земји се намалил за 1,9 отсто.
Претседателот на САД, Доналд Трамп минатата година наметна давачки на производи од челик и алуминиум од странство, меѓу кои и на кинеските производи, врз основа на уверувањето дека овие тарифи за увоз на крајот ќе допринесат во намалување на трговскиот дисбаланс.
Сепак, трговскиот дефицит минатата година достигна рекордно ниво во трговијата со Кина (419.2 милијарди долари), Мексико (81,5 милијарди долари) и Европската унија (169,3 милијарди долари).
Во исто време, приватната агенција за вработување АДП објави дека американските компании во февруари отвориле солидни 183.000 работни места.
Тоа е, сепак, помалку од 300.000 нови работни места во јануари.