4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОДрама во Париз: Манчестер Jунајтед оди во четврт-финалето на Лигата на шампионите(видео)

Драма во Париз: Манчестер Jунајтед оди во четврт-финалето на Лигата на шампионите(видео)

Манчестер Jунајтед успеа да го направи тоа во што никој не веруваше, откако триумфираше со 3:1 на „Паркот на принцовите“, пласирајќи се во четврт-финалето на Лигата на шампионите, и придонесувајќи за уште една „ЛШ трагедија“ за Пари Сен-Жермен.

Во Португалија пак, Порто успеа да ја надополни предноста од 2:1 на Рома од првиот меч, со идентична победа, по која на „Драгао“ ќе се играат продолженија.

Човек на одлука во Париз беше Маркус Рашфорд, кој постигна гол од пенал во 92. минута од мечот, но архитектот на триумфот е Ромелу Лукаку, откако белгискиот напаѓач двапати казни грешки на одбраната на ПСЖ во првото полувреме. Ова, секако, би требало да значи дека Оле Гунар Солксјер ја врати довербата на навивачите на Манчестер Јунајтед и наскоро би требало да биде промовиран во регуларен тренер на „ѓаволите“.

Лукаку ги „шокираше“ навивачите на Парижани уште во втората минута, кога по една грешка на одбраната на домаќините убаво се снајде и го совлада Џиџи Буфон на голот за неочекувано водство, кога сите прогнози велеа дека Јунајтед оди само „формално“ во вториот меч.

Радоста и надежта на гостите беше уништена бргу, кога Килијан Мбапе, инаку најдобриот поединец на овој меч, успеа одлично да го проигра Хуан Бернат во 12. минута за 1:1. Но, возбудата во првото полувреме не беше завршена. Лукаку повторно доби шанса за гол, откако Буфон реагираше лошо на еден удар од далечина, и Белгиецот донесе ново водство, овојпат од 1:2, со само еден гол кој би ги водел во четврт-финалето „ѓаволите“.

Меѓутоа, во второто полувреме, токму ПСЖ ги имаше најдобрите шанси, откако прво во 56. минута му беше поништен голот на Анхел ди Марија, откако Мбапе го пронајде со неверојатно додавање со петица.

Јунајтед не успеаја да креираат некоја позначителна шанса, а домаќините ја имаа контролата на мечот, до крајот, кога еден удар на Диого Далот заврши во раката на Кимпембе. По консултацијата со ВАР, судијата Дамир Скомина досуди пенал, кој ладнокрвно го реализираше Рашфорд за невидени сцени на „Паркот на принцовите“.

Ова е уште еден европски колапс на ПСЖ по спектакуларниот во 2017 година, кога по 4:0 победата дома загубија со 6:1 од Барселона на „Ноу Камп“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП