Според Предлог одлуката за определување на износот на дивидендата и датуми на исплата на дивидендата за 2018 година, ТТК Банка ќе исплати бруто 95.328.240 денари или речиси целата добивка за 2018 година.

Висината на бруто-дивиденда по акција ќе изнесува 105,00 денари, односно 10,50 % од номиналната вредност на акциите којашто изнесува 1.000 денари.
Собранието на акционерите на ТТК БАНКА АД Скопје ќе се одржи на 5.4.2019 година, а датумот на евиденција според кој ќе се определи листата на акционери кои имаат право на дивиденда за 2018 година е 19.4.2019 година.