25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТесла започна со продажба на Модел 3, но само на интернет

Тесла започна со продажба на Модел 3, но само на интернет

Компанијата најави продажба на Тесла Модел 3 по цена од 35,000 долари и со време на испорака од две до четири недели, но и затворање на многу продавници низ целиот свет.

Соопштението дојде речиси три години откако извршниот директор Елон Маск вети продажба на најевтиниот модел на Тесла, како би станал  достапен на големиот пазар. Низ целиот свет тие ќе се продаваат само на интернет, додека многу салони ќе бидат затворени.

“Пренасочување на целата продажба на интернет во комбинација со намалување и на други трошоци, ќе ни овозможи да се намалат цените на возила за околу шест отсто во просек, така што ќе може да постигнеме цена од 35.000 долари за Модел 3 порано отколку што очекувавме”, објави компанијата на својата веб страница.

Ова е трет пат оваа година Тесла да ја намалува цената на Модел 3, кој претходно стоеше на 42.900 долари.

Автомобилот достигнува максимална брзина од 209 километри на час и забрзува од нула до 100 километри на час за 5,6 секунди. За 2.000 долари повеќе Тесла нуди верзија со 386 километри домет и максимална брзина од 225 километри на час.

Модел 3 од 35.000 долари е главен адут на Тесла во време на големи предизвици за компанијата и може да ја отфрли загриженоста на некои аналитичари дека побарувачката за автомобили на Тесла во 2019 година може да падне.

Компанијата исто така развива и нов SUV,  модел Y, кој ќе се произведува од 2020 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП